за

Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година

Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година
Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година

Со синоќешната европска премиера на електричниот кросовер Mustang E-Mach, Ford започнува масивна кампања за популаризација на електричниот погон. Во рамките на шестмесечната турнеја, кросоверот на струја ќе посети повеќе европски држави. Во меѓувреме Ford ги потврди и 18-те европски модели што ќе добијат благ, целосен или приклучен хибриден погон, или целосно електрчен погон до крајот на следната година.

Компанијата Ford вложува повеќе од 11 милијарди долари за воведување на електричниот погон во своите моделски серии во светски рамки. Планот е секоја моделска серија на патнички автомобили, што Ford ја нуди на европскиот пазар, да биде достапна во најмалку една изведба со електрифицирана погонска спрега. Само до крајот на годинава, Ford ќе располага со 14 електрифицирани модели на европскиот пазар.

Ford до крајот на следната година ќе има во продажба вкупно 18 модели со електрифицирана погонска спрега на европскиот пазар.

Модели со благ хибриден погон со бензински мотор:

(со 48-волтна мрежа, стартер-генератор, мала батерија и повраток на енергија при сопирање, за намалена потрошувачка првенствено во градски услови на возење)

Модели со благ хибриден погон со дизел мотор:

(со 48-волтна мрежа, стартер-генератор, мала батерија и повраток на енергија при сопирање, за намалена потрошувачка првенствено во градски услови на возење)

Модели со целосен хибриден погон:

(со хибриден погон во комбинација со бензински мотор, како замена за дизел)

Модели со приклучен хибриден погон (плагин-хибриди)

(со приклучок за полнење на батеријата и со можност за возење неколку десетини километри на струја)

Модели со целосно електричен погон

Доставно возило со целосен погон на струја

  • Лесно доставно возило коешто ќе биде претставено уште во текот на годинава

Стратезите на концернот предвидуваат дека моделите со електрифициран погон до крајот на 2022 година ќе сочинуваат повеќе од половина од продажбата на патнички автомобили на марката. Вкупната продажба на електрифицирани автомобили на Ford дотогаш ќе достигне еден милион примероци.

Според процените на аналитичарите на Ford, купувачите годишно ќе заштедуваат вкупно 30 милиони евра поради пониската потрошувачка на струја со моделите од популарните серии Fiesta, Focus и Kuga

Ford во јануари вложи 42 милиони евра во фабриката во Валенсија/Шпанија, од кои главнината е наменета за линијата за монтажа на литиум-јон батерии за Kuga Plug-In Hybrid, Kuga Hybrid, S-MAX Hybrid и Galaxy Hybrid. Сите овие модели се произведуваат во шпанската фабрика.

Во следните три години, Ford ќе вложи во поставување на 1.000 станици за полнење на сите свои локации во Европа, за користење од страна на вработените. Паралелно ќе привршува изградбата на мрежата од 400 брзи станици за полнење, со вкупно 2.400 одделни полначи за возила, коишто се дел од конзорциумот Ionity. Ford е еден од основачите и сопственици на оваа мрежа што до крајот на годинава ќе нуди брзи полначи по европските магистрални патишта.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Средба на GTI како сите други, но во Абу Даби

Средба на GTI како сите други, но во Абу Даби

Електрични автобуси возат во 50 градови во Германија

Електрични автобуси возат во 50 градови во Германија