за

Средба на GTI како сите други, но во Абу Даби

Средба на GTI како сите други, но во Абу Даби
Средба на GTI како сите други, но во Абу Даби

Возачи на Volkswagen одржаа голема средба на Арапскиот Полуостров. Повеќе од 1.000 љубители на германската марка се собраа во Абу Даби на „Dub Drive“. Станува збор за настан што ја има истата цел и енергија како култната GTI-средба на езерото Вертер во Австрија. Но, место на езерски брег од кадешто се гледаат Алпите, настанот тука се одржува на тркачката патека Јас Марина, позната од Формула 1.

Климатските услови и вегетацијата на Арапскиот Полуостров можеби се сосем различни од оние во Австрија, но затоа возачкото срце секаде чука исто толку силно за автомобилите. Околу 400 автомобили од марката Volkswagen, првенствено Golf и Beetle, направија корзо низ Абу Даби. Колоната низ туристичката метропола ја придружуваше локалната полиција.

Околу илјада учесници дојдоа од Египет, Бахреин, Кувајт, Оман, Саудиска Арабија и од Обединетите Арапски Емирати. Главната прослава се одржуваше на тркачката патека Јас Марина. Покрај прогласување на најдобро дотерани возила, на програмата се наоѓаа и импресивни дрифтови и возење најбрз круг. Се избираа и автомобил на годината, најдобар олдтајмер и најдобар R-модел. Организатор на настанот што се одржува четврта година е огранокот на Volkswagen за Средниот Исток.

New item by Automedia MK / Google Photos

Името Dub Drive е изведено од „Dub“, што асоцира на англиското именување на буквата „W“, на „дабл ју“. Во светски рамки, фановите на марката честопати го користат прекарот „Dubbie“ за автомобилите на Volkswagen. Како официјално лице од производителот присуствуваше Јост Капито, директор на Volkswagen R. Собирот секоја година привлекува се повеќе фанови и расте неговото значење на светската сцена.

Наградата за најдобар автомобил му припадна на Фахад Аман. Жирито додели најмногу бодови за неговиот тјуниран Beetle. Аман годинава ќе присуствува на традиционалната GTI-средба на езерото Вертер. Таа се одржува од 20-ти до 23-ти мај во Рајфниц, Австрија. Настанот годинава го одбележува своето 39-то издание.

https://www.instagram.com/p/B8cJQekpwbK/

https://www.instagram.com/p/B8f3TYmhh18/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi расте на европскиот пазар

Mitsubishi расте на европскиот пазар

Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година

Овие 18 модели на Ford ќе добијат електромотор до крајот на 2021 година