Mercedes формира посебен огранок за погонски системи

Mercedes формира посебен огранок за погонски системи
Mercedes формира посебен огранок за погонски системи

Новиот огранок под името Mercedes-Benz Drive Systems ќе биде надлежен за развој и производство на сите видови мотори и воопшто за сите видови погон во рамките на концернот.

Автомобилскиот производител од Штутгарт продолжува да напредува кон преодот во ерата на мобилност без штетни материи. Новиот огранок Mercedes-Benz Drive Systems во иднина ќе биде задолжен за сите прашања во врска со погоните во возилата на Мercedes, почнувајќи од истражувањето и развојот, до производството.

Понатаму, овој клучен центар ќе се грижи и за квалитетот, за планирањето и за набавката на компоненти и материјали. Освен на мотори и менувачи, MB Drive Systems ќе работи и на батерии и електрични погонски системи, како и на неопходниот софтвер и хардвер во тоа подрачје.

Погонот е една од централните компоненти во нашите возила и решава меродавно за препознатливото чувство при возење Mercedes-Benz – без разлика дали се работи за електричен, хибриден или конвенционален погон.

Маркус Шефер, член на управниот одбор на Daimler AG и Mercedes-Benz AG, одговорен за истражување на ниво на концерн и оперативен директор на Mercedes-Benz Cars

Прв човек на Mercedes-Benz Drive Systems е Франк Дајс, кој на оваа функција ќе одговара директно пред Маркус Шефер. Во извршниот одбор влегуваат уште Торстен Едер, раководител во развојот на погони и Андреас Фридлих, кој од 1-ви август станува раководител на развојот во eDrive.

До крајот на годинава, Mercedes ќе лансира пет комплетно електрични модели и 20 моделски изведби со плагин-хибриден погон. Понудата од плагин-хибриден погон го покрива целиот дијапазон од A- до S-Class и од GLA до GLE, со тоа што некои од овие модели достигнуваат досег на струја до 100 километри.

Моментно Mercedes има четири електрични модели: EQC 400 4MATIC, smart EQ fortwo и smart EQ fourfour, како и EQV 300. Кусо пред премиера е чисто електричниот крстосувач EQS, кој ќе пристигне заедно со новата генерација на S-Class.

https://www.instagram.com/p/CC_ZNqxIMIT/

0Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63
Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

Претходна објаваЕУ напредува во намалувањето на загаденоста на воздухот
Следна објаваПрактикантите во Млада Болеслав ја претворија Skoda Scala во родстер