за

ЕУ напредува во намалувањето на загаденоста на воздухот

ЕУ напредувала во намалувањето на загаденоста на воздухот
ЕУ напредувала во намалувањето на загаденоста на воздухот

Емисијата на најштетните загадувачки супстанци во воздухот продолжува да се смалува на територијата на Унијата.

Според последните податоци што Европската агенција за животна средина ги објави денес, емисијата на петте најштетни загадувачки супстанци во воздухот, вклучувајќи честички гареж (PM), азотни оксиди (NOx) и амонијак (NH3), продолжила да се смалува на територијата на Унијата во периодот меѓу 2017 и 2018 година.

Во извештајот на Агенцијата што содржи 160 страници, се потврдува бавниот, но постојан напредок од страна на членките на ЕУ (заедно со В. Британија во времето кога беше дел од Унијата) во смалувањето на емисијата на главните загадувачки материи во воздухот уште од 1990 година. Вкупно се следат 26 загадувачки супстанци во извештајот што ЕУ го поднесе до Економската комисија за Европа во рамките на ОН.

Меѓу 2017 и 2018 година, емисијата на азотни оксиди, на неметански органски соединенија (NMVOCs), сулфурни оксиди (SOX), ситни честички гареж (PM2.5), јаглероден моноксид (CO) и амонијак (NH3) се смалила соодвeтно за 4.1%, 2.0%, 6.7%, 3.8%, 4.3% и 1.6%, на ниво на ЕУ како целина. Меѓу одделните држави во Унијата сепак биле забележани зголемени емисии на одредени загадувачи.

Во 2018 година, резиденцијалниот сектор и домаќинствата, како еден од главните сектори од кои произлегуваат одредени полутанти, учествувала со 61% во вкупната емисија на полициклични ароматични хидрокарбонати (PAH), со 51% од сите примарни PM2.5 и со 41% од сите диоксини и фурани во воздухот во ЕУ.

Патниот транспорт, главно возилата со дизел мотор, учествуваат со две петини во вкупната емисија на штетните азотни оксиди во ЕУ

Исто како во претходните години, околу 93% од вкупната емисија на NH3 потекнува од земјоделието. Патниот транспорт е одговорен за 39% од сета емисија на NOx, а по него следат производството и дистрибуцијата на енергија (16%) и компаниите, институциите и домаќинствата (14%).

Производството и дистрибуцијата на енергија, заедно со емисиите од електраните, било одговорно и за 41% од вкупната емисија на жива и 48% од емисијата на SOX. Податоците се однесуваат на податоците за периодот од 1990 до 2018 година и не ги земаат предвид позитивните ефекти врз животната средина од ограничувањата за движење поради пандемијата.

Агенцијата нагласува дека загаденоста на воздухот е најголема единечна опасност од страна на животната средина врз здравјето на населението во Европа, причина за хронични и сериозни заболувања, како астма, кардиоваскуларни проблеми и рак на белите дробови, како и за скусување на животниот век. Слабиот квалитет на воздухот што е предизвикан од загаденоста може да им наштети и на вегетацијата и на екосистемите. Некои од загадувачките супстанци се причина и за климатските промени.

>>> Протестниот марш против загадувањето имаше инстантен ефект, еколозите уште не знаат

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi најавува нов Outlander за в година

Mitsubishi најавува нов Outlander за в година

Mercedes формира посебен огранок за погонски системи

Mercedes формира посебен огранок за погонски системи