Mitsubishi најавува нов Outlander за в година

Mitsubishi најавува нов Outlander за в година

Комплетно нова генерација на Outlander ќе стартува со продажба во следната пролет, прво во САД, а набрзо потоа и во Европа. Најавата пристига од американскиот огранок на Mitsubishi, кој воедно го најавува и тамошниот старт на нам добро познатиот Space Star во освеженото моделско годиште.

До следното лето, Mitsubishi ќе лансира два освежени модели и еден комплетно нов модел. Веста прв ја објави американскиот огранок на Mitsubishi, од каде што понатаму наведуваат дека оваа моделска офанзива е доказ за високиот квалитет, одличната противвредност и напредната технологија што марката им ги нуди на американските купувачи.

Пред крајот на годината се очекува премиера на освеженото моделско годиште на плагин-хибридниот бестселер Outlander PHEV, со значајни промени и во погонот – овие промени веќе се случија кај европската верзија. Потоа ќе следат промените во стилот кај Mirage, како што на тамошниот пазар се води нам познатиот Space Star – кај нас моделот веќе се продава во освеженото издание, а пролетоска беше и на тест во Аутомедиа. Разликата кај моделот е во тоа што е достапен и како лимузина Mirage G4. Секако дека тоа е најштедливиот не-хибрид на американскиот пазар.

https://photos.app.goo.gl/ayPSuS4aAgQfgVS1A

Најважниот новитет сепак се чува за второто тромесечје од 2021 година. Тоа ќе биде комплетно нова генерација на Outlander. Според најавата, тој ќе биде поголем, посилен и подобар од кога било досега, а воедно ќе биде и најтивок и најдобро опремен Mitsubishi што се појавил на пазарот досега.

Со нова техника и нов изглед, новиот Outlander ќе го заживее новиот дизајнерски говор на марката, со нагласен, агресивен и самоуверен настап. Mitsubishi не открива натамошни детали, место тоа посочува дека моделот ќе изненади многумина. Поконкретни информации ќе следат рано во почетокот на следната година. Изгледот на идниот Outlander ќе се раководи според концептниот автомобил Engelberg Tourer.

https://photos.app.goo.gl/NX9Xc4WxvrxrVaf27

https://photos.app.goo.gl/BQRAUbCtN4BcwTb17

https://photos.app.goo.gl/bcjfYKT3UKViFroh6

https://photos.app.goo.gl/BcaT48YyrbNffsQ97

 

>>> Mitsubishi го прикажува идниот Outlander во Женева?

Претходна објаваFiat под истрага за мамење со издувот на дизелите
Следна објаваЕУ напредува во намалувањето на загаденоста на воздухот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here