Fiat под истрага за мамење со издувот на дизелите

Fiat под истрага за мамење со издувот на дизелите
Fiat под истрага за мамење со издувот на дизелите

Поради сомнение за измама, германски, италијански и швајцарски истражители спроведоа истражна постапка во повеќе локации на Fiat и Iveco.

Fiat Chrysler се најде под визирот на правдата поради сомнение за манипулации со издувните гасови на дизел моторите. Државното обвинителство во германскиот град Франкфурт на Мајна започна истрага, поради сомнение за измама со користење на уреди за исклучување, против одговорни лица во концернот, како и во сестринскиот концерн CNH Industrial, каде што припаѓа и производителот на товарни возила Iveco.

Под координација на Еуројуст, Судската управа на ЕУ, истражителите спроведоа постапка во седиштето на Fiat Chrysler во Франкфурт/Германија, потоа кај Iveco во Улм и во повеќе објекти во Италија и Швајцарија. Како што соопштуваат од франкфуртското обвинителство, предмет на истрагата се девет осомничени лица во Италија.

Повеќе од 200.000 возила на Fiat Chrysler што се регистрирани во Германија испуштаат неколкупати повисока количина на штетни азотни оксиди од дозволеното

Освен возилата на Fiat и Iveco, погодени се и марките Alfa Romeo и Jeep. Само во Германија се регистрирани повеќе од 200.000 возила со манипулиран издув. Во дизел моторите на сите овие возила е втраден уред за исклучување, кој овозможува граничните вредности на азотните оксиди во издувот да се исполнат само кога возилото е поставено на пробни валци. При нормални услови на возење, уредот се исклучува и во животната средина се испушта прекумерна количина на штетни азотни оксиди. Од обвинителството посочуваат: „Возила со такви уреди за исклучување не се дозволени на заедничкиот пазар, поради што на корисниците им се заканува забрана за возење или поништување на регистрацијата.“

Fiat Chrysler потврди дека е предмет на истрага и дека соработува со институциите. Истото е случај и кај CHN Industrial. Во концернот пред неколку години се интегрираше огранокот за товарни возила на Fiat.

Не се соопштува конкретно за кои модели од четирите марки станува збор, произведени меѓу 2014 и 2019 година. Овие мотори со издувна норма Еуро 5 или Еуро 6 се вградуваат во цела низа модели на Fiat, Jeep и Alfa Romeo, почнувајќи од малечки автомобили до транспортери, а вклучувајќи и модели на Iveco. Истражителите ги повикуваат сопствениците на погодените возила да се обратат во полицијата и да се пријават како сведоци.

Против Fiat Chrysler веќе е поднесено обвинение од органите во САД, поради манипулација со издувните гасови на дизел моторите со користење специјален софтвер (Defeat Device). Концернот го негира тоа, но прифати да исплати околу 800 милиони долари за пормирување на тужбите од американската влада и од бројни сопственици на возила. Во минатата есен, од страна на американските органи беше приведен и првиот менаџер на Fiat Chrysler.

>>> Колкави се казните за производителите ако не ги исполнат СО2-лимитите?

Претходна објаваТри милиони хибриди на Toyota возат низ Европа
Следна објаваMitsubishi најавува нов Outlander за в година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here