Чешката марка го доби седмиот уникатен автомобил изработен од практикантите. Како основа првпат послужи Skoda Scala, од којашто триесетината млади техничарки и техничари изработија родстер. Името на автoмобилот е Slavia и тоа се поврзува со 125-годишниот јубилеј на компанијата.
Skoda е единствена на автомобилската сцена и со проектите што ги изработуваат практикантите на Skoda Academy. Овие уникати се врв во образованието на идните занаетчии и техничари, претставувајќи го на мошне очигледен начин квалитетот на нивното школување во Skoda.
Тим од 31 практиканти, меѓу нив и пет дами, како основа за седмиот автомобил на Академијата ја искористија Skoda Scala. Од тоа произлезе уникатната Skoda Slavia, именувана по велосипедите што основачите ги изработуваа во почетоците на компанијата што одбележува 125-годишнина. Основата е Scala со мотор 1.5 TSI ACT со 150 КС и 7-степен DSG.
Во историјата на Skoda постои двосед изработен за учество на трки, кој воедно послужи како идејна основа за Slavia. Тоа е Skoda 1100 OHC од 1957 година, кој со своите 550 килограми и 92 КС постигнуваше близу 200 km/h.
Бидејќи покривот е отсечен, подот претрпе темелно зајакнување. Задните врати се заварени, задните седишта се отстранети. Бандажите од 20 инчи потекнуваат од Skoda Kodiaq RS, додека сопирачките и главите на тркалата потекнуваат од Octavia RS. Издувот е комплетно преработен.
Посебно се внимавало и на каросерискиот лак, којшто се состои од три слоеви, со бисерен ефект со синкав тон. Просторот околу возилото го осветлуваат диоди во сина, црвена и бела боја – од чешкиот триколор – кои е вградени во праговите преземени од Scala Monte Carlo. Осветлениот натпис Skoda служи во исто време како трепкач, како стоп светло и како светло за рикверц.
Спортските седиште се од Sparco, опремени со ремени со четири точки и обложени со црна перфорирана кожа. Секако дека сабвуфер не смее да недостига, во случајов со моќност од 2.250 вати, на кои се придружуваат уште 320 вати од останатите звучници. Во багажникот се наоѓаат два електрични тротинети од Skoda.
Досегашните автомобили од практикантите во Skoda
2014: Skoda Citijet (Citigo)
2015: FUNSTAR (FABIA)
2016: ATERO (RAPID SPACEBACK)
2017: ELEMENT (CITIGO)
2018: SUNROQ (KAROQ)
2019: MOUNTIAQ (KODIAQ)
















