Mercedes најавува дека идниот EQS, панданот на S-Class со електричен погон, ќе се нуди и во спортска изведба со моќност поголема и од S 63 AMG.
Mercedes работи под полна пареа на новиот знаменосец со електричен погон EQS. Еден од инженерите што работат на новиот модел, во интервју за британскиот Autocar откри дека се подготвува и спортска верзија на електричниот S-Class. Таа ќе биде значително посилна од S 63 AMG.
Најсилната изведба на S-Class моментно располага со моќност од 612 КС и постигнува вртежен момент од 900 њутнметри. Кај електричниот EQS може да се очекуваат далеку над 700 КС. За тоа ќе бидат задолжени два електромотори, по еден на секоја оска. На тој начин ќе се постигне и погон на сите тркала. Уште една голема предност на електричниот погон во тој поглед е тоа што многу поедноставно и попрецизно може да се регулира вртежниот момент на секое тркало одделно.
Можно е моќната изведба на EQS да се изработува и во самиот AMG. Тоа би значело дека „тимот“ од Афалтербах, освен за најсилните изведби со бензински мотор, ќе биде задолжен и за најсилните електрични верзии.
Продажбата на луксузниот крстосувач со погон на струја EQS е планирано да започне в година. Екстремната спортска изведба, којашто може да го користи истиот начин на означување како кај бензинците – на пример, EQS 63 – ќе се појави најрано во 2022 година.
https://www.instagram.com/p/B7pVOECI4sK/
Mercedes AVTR е колата што светот досега ја немаше ниту замислено
















