Mercedes AVTR е колата што светот досега ја немаше ниту замислено

Mercedes Vision AVTR
Mercedes Vision AVTR

Производителите уште пред повеќе децении кажаа дека денешните автомобили ќе возат на струја, со автопилот и вмрежени. Секако дека развојот не запира тука. Mercedes AVTR е историска пресвртница, затоа што посега по иднината далеку како ниту една друга марка претходно.

Mercedes на саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас прикажува автомобил од иднината, кој уште со името навестува дека е невозможно да се опише кусо и со збор. Повеќето од функциите и од самиот концепт на возилото стануваат јасни дури откако ќе се погледнат фотографиите и видеата од премиерата, затоа што овој автомобил се разликува од сé што светот има видено досега. Тоа што следи е само „кус“ вовед.

Vision AVTR е развиен во соработка со тимот што стои зад филмот Аватар, па оттаму доаѓа и името. Според Mercedes, името може да се однесува и на Advanced Vehicle TRansformation, односно напредна трансформација на возило.

Појавувањето на Mercedes Vision AVTR на сцената не е важно само за марката, туку и за целиот автомобилски свет; Најверно е овој автомобил да се оквалификува како водич за соништата за автомобилската иднина

Исто како што луѓето во филмскиот свет на Пандора имаат свој аватар, така и луѓето во некој иден свет на планетава Земја ќе имаат свој автомобилски аватар. Mercedes Vision AVTR прикажува нов начин на интеракција меѓу човекот, машината и природата. Значи, разликата е во тоа што сега и природата се „вмешува“ како важен фактор меѓу човекот и машината.

Vision AVTR имаше и кусо појавување по улиците во Лас Вегас

https://photos.app.goo.gl/ajkHZoCgPjoamK7U9

Посебноста на овој историски вреден автомобил не е во формата и во дизајнот, туку во смислата. Дизајнерите зборуваат за структура Inside-Out, којашто ги спојува надворешноста и внатрешноста во емотивна целина и инспирирана е од живиот свет во филмот Аватар. Како што спомнавме, само малку од „сценариото“ на Vision AVTR се опишува со зборови.

https://photos.app.goo.gl/mEk1REoSV28PCGqw9

Срцето“ на автомобилот е тоа што Mercedes го нарекува мултифункционален елемент за ракување и се наоѓа во средишната конзола, на местото кадешто денес обично е контролорот за ракување со менито. Тука е многу различно, затоа што е доволно да се стави дланката врз уште неименуваниот „елемент“, за возилото преку биењето на срцето и дишењето да препознае кој е седнат зад воланот – иако од волан нема ниту трага во Vision AVTR. Тоа би требало да претставува еден вид поврзување на човечката душа со „душата“ на автомобилот. Секако дека оваа необична контролна единица служи и за управување со возилото, како еден вид хипер- џојстик од 1980-те години.

https://photos.app.goo.gl/UzseB3y9wvoQG6wT9

Целата оваа емотивност е во апсолутна спротивност со напредната технологија што се крие зад органското возило – органско, во вистинска смисла. Батеријата во ова возило од иднината користи графен, односно органска ќелијска хемија врз база на графен. Оваа батерија нема потреба од ретки и скапи метали. Материјалите во батеријата се целосно разградливи. На овој начин се укажува на тоа дека производителите во иднина најстрого ќе внимаваат на одржливоста на кругот на материјалите што се користат во возилата.

Постои суптилна порака од Mercedes, дека во иднина повеќе не може да се прават компромиси во поглед на животната средина, туку таа ќе мора секогаш да биде на прво место

Уште еден важен дел од возилото се 33-те бионички капаци во опашот, кои потсеќаат на крлушки на рептили. Тие комуницираат со возачот, а потоа и возачот преку нив комуницира со надворешниот свет, со природни и суптилни движења на капаците.

Бидејќи е сосем нормално дека задната оска е управувана исто како предната, „ненормална функција“ е можноста возилото со истовремено завртување на предните и задните тркала да се движи странично, како краба, под агол до 30 степени. Во тој поглед, AVTR пак потсеќа на рептил.

https://photos.app.goo.gl/Smo5bgr6ii49GSTi6

Седиштата се изработени од Dinamica, како прв и единствен микрофибер што е комплетно одржлив, од гледиште на рециклирањето – многумина се зачудени кога ќе дознаат дека овој материјал е изработен од стара облека, знамиња и пластични шишиња. Подот исто така е обложен со посебни материјали, конкретно со дрво што се нарекува Karuun. Суровината е ратан, којашто расте многу брзо и рачно се бере во Индонезија. Преку овој материјал, внатрешноста зрачи со топлина и изгледа природно.

https://www.instagram.com/p/B7AfdPioHQ0/

Уште неколку факти околу Mercedes Vision AVTR:

  • Концептот е заснован врз идејата човекот да се поврзе со автомобилот како со пријател
  • Дисплеи не преовладуваат во кокпитот, затоа што единствениот дисплеј кој е потребен за ракување се проектира врз дланката, секогаш кога таа ќе се подигне
  • За погонот се задолжени 4 електормотори вградени покрај тркалата, со вкупна моќност од 350 киловати, односно 476 КС
  • Батеријата поседува повисока енергетска густина од денешните, со 1.200 Wh/L
  • Целосното полнење на батеријата под силна струја трае 15 минути
  • Висината на батеријата е сведена на 94 mm
  • Со капацитет од 110 kWh, батеријата овозможува досег до 700 километри
  • Бандажите служат како трепкачи, а преку нивното светење комуницираат и со средината, при забрзување, сопирање, скршнување и слично
  • Вратите се проѕирни и се отвораат нагоре, слично како крила на пеперутка
  • Внатрешноста е изведена со идеја да се создаде еден вид гнездо, кожурец
  • Средишната конзола е изведена по пример на Дрвото на душите од Аватар, најсветото место на НаВи
  • Сите материјали во кабината се органски, вегани
  • Бидејќи седиштата го чувствуваат пулсирањето и дишењето, кога децата на задната клупа се вознемирени, тоа соодветно се пренесува како вибрација до седиштата на родителите
  • Розе-златната боја што Mercedes ја користи како симбол за електричниот погон се забележува децентно на неколку места по каросеријата и во внатрешноста, исто како и во бандажите
  • Целата арматурна табла е дисплеј, на којшто во 3D се прикажува природата околу возилото или некој природен предел; Се прикажува и тоа што не е видливо, како магнетни полиња, биоенергија или ултравиолетова светлина
  • Vision AVTR вози автономно, ракувањето со функциите на возилото е преку гестикулација
  • Во секое седиште се вградени по осум ексајтери, кои произведуваат вибрации согласно пулсот на околината
  • Во кабината се пренесуваат звуците од околината, како поток или птици, со прецизно позионирање на местоположбата
  • Бандажите се инспирирани од „woodsprites“, семе на Дрвото на душите од Аватар

https://photos.app.goo.gl/XnJG3b35ZNTbR3nC9

https://photos.app.goo.gl/C81dKnweWhwsaQaw7

https://photos.app.goo.gl/K11usfvRKNAjmXhs6

https://photos.app.goo.gl/1gh3Jp1nJxJhTK8r9

https://photos.app.goo.gl/rBMMki2Z7u3xoYet6

https://photos.app.goo.gl/Y2m1qJDw4d1kuygd6

https://photos.app.goo.gl/kLADpw9MucvfgFMD6

https://photos.app.goo.gl/AbtvUWuj4iJiPdDz7

https://photos.app.goo.gl/cTkBm6FyRkAFqpq37

https://photos.app.goo.gl/YChooD2e8fqcXiLE8

https://photos.app.goo.gl/8XtpJxLmMtshq3e99

https://photos.app.goo.gl/uvpXxeAGbG5kQLpJ8

https://photos.app.goo.gl/MBHHmuRRzUdfg2Ga9

https://photos.app.goo.gl/FW5rwne7bmYNzKTn9

https://photos.app.goo.gl/BESXRwx64BTF3WtP8

https://photos.app.goo.gl/xCRdwvmTciaydqwc9

https://photos.app.goo.gl/VcevhUCiTSfBojhP9

https://photos.app.goo.gl/YU69MPJFai7ZnqX16

https://www.instagram.com/p/B7A9c5OiK9B/

Претходна објаваBMW прославува во 2020: Моделот што го втемели спортскиот имиџ на марката (Втор дел)
Следна објаваFord Fiesta WRC во боите на славниот предок од 1995 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here