за

Две фабрики на Toyota отвораат повторно месецов

Две фабрики на Toyota отвораат повторно месецов
Две фабрики на Toyota отвораат повторно месецов

Како и сите автомобилски марки, Toyota го запре производството во своите фабрики во Европа поради вирусот корона. Во две фабрики сепак е најавено дека ќе продолжи производството уште во текот на месец април.

Пред две недели, Toyota објави дека го запрела производството во сите свои фабрики во Европа. Во тоа време, Јапонците посочија дека прекинот ќе трае најмалку до 20-ти април. Сега пристига надежна вест, дека во две фабрики ќе продолжи производството по само неколку денови од првично најавениот датум. Погоните на Toyota во Полска и во Франција веројатно ќе добијат зелено светло да продолжат со работа на 22-ри април. Останатите европски фабрики, во Велика Британија, Чешка, Португалика и Турција, засега остануваат затворени.

Во фабриката на Toyota во Полска се произведуваат мотори и менувачи. Yaris се произведува во фабриката во Франција, во близина на Белгија, кадешто се наоѓаат и голем број погони на добавувачите. Во останатите фабрики, кои остануваат во мирување, се произведуват C-HR и Corolla Sedan (Турција), Aygo (Чешка), Land Cruiser (Португалија) и изведбата со пет врати и комбито од Corolla (Велика Британија).

Тојота Ауто Центар објави видео за безбедносните мерки што ги има воведено при преземање и предавање на возилата во сервисната работилница во Скопје

https://www.instagram.com/p/B-_jKkhHN0p/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

Електричниот Mercedes EQS ќе биде посилен од S 63

тест на средства за чистење бандажи

Пред следниот маратон во седење: Пролетно миење на возилото