за

Mercedes достигна една милијарда допаѓања на инстаграм

mercedes milijarda dopadjanja instagram

Од стоте најдобри марки во светот во изборот на Интербрендс, Mercedes има најголем број допаѓања на инстаграм. Секој месец пристигаат по уште 30 милиони нови допаѓања

Mercedes одбележува голем јубилеј на инстаграм. Од стоте најдобри марки во изборот на Интербренд, германската премиум марка има најголем број допаѓања на инстаграм. Според агенцијата T4Media, пред неколку денови Mercedes ја надминал волшебната бројка од една милијарда допаѓања. Ова достигнување ќе биде одбележано со изложба на најуспешните фотографии на социјалните мрежи во музејот во Штутгарт.

На специјалната страница за „инста-милијардата“ ќе се најдат и фотографии од фанови на Mercedes

Mercedes е активен на инстаграм од 2012 година. Марката има 35,66 милиони следбеници и секој месец добива просечно по 27,6 милиони допаѓања. За одбележување на овој јубилеј е отворена микространицата https://www.mercedes-benz.com/en/one-billion-likes/ со избор од најуспешните и највпечатливи фотографии. Покрај сопствените фотографии, на специјалната страница се наоѓаат и фотографии од фановите на марката. Секако дека не недостига и легендарната честитка за стотиот роденден на BMW.

Mercedes-Maybach 6 Cabriolet и Mercedes-AMG GT Edition 50 добиваат посебен третман како модели што се најпопуларни на инстаграм меѓу фановите на марката. Темите на вештачката интелигенција и електромобилноста често се обработуваат во објавите на инстаграм.

https://www.instagram.com/p/BqffTKUnBU8/

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

Mercedes S-Class на струја до 50 километри

Nissan Qashqai со бензински мотор од Mercedes A-Class

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo салон Лос Анџелес

Volvo ги остави колите „дома“ за салонот во Лос Анџелес

Range Rover Evoque II

Range Rover Evoque: Сé е исто, освен рачките на вратите