Nissan Qashqai имаше моделско освежување уште пред година и пол. Сега се на ред нов инфо-забавен систем и нов бензинец. Моторот ни е познат од премиерата Mercedes A-Class
Нови бензински мотори пристигаат во Nissan Qashqai. Поточно еден. На местото на 1,2-литарскиот и 1,6-литарскиот DIG-T, со нивните 115 и 163 КС, доаѓа нов 1,3-литарски четирицилиндарец, во две варијанти на моќност. Моторот не е толку непознат, затоа што веќе работи под хаубите на Renault Scenic и Captur, но се вградува и во Mercedes A-Class. Заедно со новиот бензинец, во кросоверот за првпат се нуди и менувач со двојна спојка.
Погонот на сите тркала не влегува во игра, затоа што не се нуди во комбинација со новиот бензинец. Техниката на специјалистот за погон на сите тркала останува достапна само со големиот дизел, којшто исто така ќе биде заменет во почетокот на следната година. Nissan очекува дека во иднина половина од купувачите на Qashqai ќе ја избираат бензинската варијанта.
Менувач со двојна спојка првпат во Nissan Qashqai – од Mercedes
Новиот 1,3-литарски турбо бензинец ослободува 140 КС и 240 њутнметри во основната варијанта. Спринтот до сто трае само малку подолго од десет секунди, крајната брзина изнесува 190 km/h. Посилната варијанта додава по уште 20 КС и 20 њутнметри. Забрзувањето кај неа се скусува на 8,9 секунди, а за крајна брзина се наведуваат рамно 200 километри на час.
Тоа е речиси незначителна разлика во перформансите, но затоа постои разлика во преносот. Посилната варијанта е достапна со менувач со двојна спојка. Седумстепениот EDC исто така потекнува од Mercedes и од A-Class, односно истиот пристига од специјалистот Getrag.
Новитет има и во инфо-забавниот систем на Nissan Qashqai, кој отсега може да го отчита одредиштето директно од навигацијата на телефонот. Nissan Connect оди во комбинација со дисплеј на допир од седум инчи, покрај кого и натаму има неколку пластични копчиња, и се поврзува со телефонот преку Apple CarPlay и Android Auto. Корисна можност е во телефонот да се меморира позицијата на паркираното возило, за потоа полесно да се лоцира истото.
Британците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил
Renault-Nissan-Mitsubishi со титула на светски број 1
Nissan Leaf со 18.000 продадени примероци до јуни
Едномилионитиот Nissan Juke произведен во англиската фабрика