Германската „порта кон светот“ го доби првиот примерок од електричниот автобус Mercedes eCitaro. Првата фаза предвидува 20 вакви автобуси во Хамбург и обновување на возниот парк исклучиво со електрични автобуси по 2020 година
Светската премиера на електричниот автобус Mercedes eCitaro во септември привлече големо внимание, а сега е на ред и следниот голем чекор. Во германскиот град Хамбург веќе започна редовното сообраќање на електричниот автобус. Јавниот превоз во пристанишниот град во оваа фаза ќе добие 20 примероци од eCitaro. Тоа е досега најголемата единечна нарачка на електрични автобуси во Германија.
Претпријатието за јавен превоз во Хамбург планира по 2020 година да набавува само електрични автобуси. Моментно оваа компанија ги покрива потребите од превоз на жителите на Хамбург со 1.000 автобуси на 111 линии.
Mercedes eCitaro е прв електричен градски автобус што е развиен и произведен во Германија. Со исклучително тивкиот звук при возење и апсолутното отсуство на каква било штетна емисија од погонот, електричниот автобус ќе даде голем придонес во зачувувањето на квалитетот на воздухот во „портата кон светот“, како што Германците го нарекуваат овој град на северот на земјата.
Германска смисла перфекција: Mercedes eCitaro поседува топлинска пумпа за греење на внатрешноста
Посебност на овој модел на градски автобус е примената на топлинска пумпа, којашто ја грее внатрешноста и го растоварува електричниот погон од таа функција, овозможувајќи автобусот да мине повеќе километри со енергијата во батеријата. Операторот на eCitaro може да избира различен капацитет на батеријата, зависно од потребите и од буџетот. Максималниот капацитет изнесува 243 kWh. Енергијата се испорачува до два електромотора, што се вградени непосредно до тркалата.
Сите функции на осветлувањето на автобусите за Хамбург се изведени со диодна техника, како надвор, така и внатре. Техничката основа е идентична со верзијата на Citaro со класичен погон. Во двете досегашни генерации, Citaro се продаде во преку 50.000 примероци, што е повеќе од кој било друг градски автобус досега. Mercedes произведува и верзија со хибриден погон, со погон на автогас и метан.
Вака Хамбург го поздрави пристигањето на првиот електричен автобус Mercedes eCitaro
Автобуси на струја ќе возат низ Лондон
Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania