за

Кога ќе се соберат 23 автомобили McLaren, тоа вреди 50 милиони фунти

mclaren sobir voking
mclaren sobir voking

Производителите на ретки и скапи автомобили имаат посебна моќ, сé што ќе направат, да биде забележано. Дваесет и три автомобили на McLaren од тековната и скорешната продукција, се најдоа бандаж до бандаж пред седиштето во Вокинг.

Масовноста не е одлика на собирите на сопственици на McLaren, доколку воопшто постои организација од таков вид, надвор од тркачките патеки. Автомобилската сцена сепак не смее да се остави без глетка на многу автомобили McLaren одеднаш. Затоа, сам интервенираше производителот од Вокинг и првпат ги собра актуелните и модерните класици од сопствената продукција пред седиштето на компанијата.

Собраните 23 автомобили се ценат на повеќе од 50 милиони фунти. Меѓу нив се најдоа и P1 GTR, тркачка изведба на првиот суперавтомобил со хибриден погон, како и новиот McLaren Speedtail, од кого ќе се изработат само 106 примероци.

Иако марката официјално постои помалку од една деценија, за тоа кусо време изработи повеќе од 20.000 возила. Во тек е стратегијата под име Track25, вредна 1,2 милијарда фунти, којашто до 2025 година ќе донесе вкупно 14 нови модели и моделски изведби. Четири нови модели се веќе претставени: Speedtail, 720S Spider, Senna, McLaren GT. Преостанатите нови модели ќе имаат хибриден погон.

На настанот присуствуваа 3.000 вработени во компанијата, заедно со семејствата и пријателите. Девет од десет изработени автомобили во Вокинг заминуваат за извоз.

Моделите на McLaren на историскиот собир во Вокинг:

  • 570S
  • 570S Spider
  • 570GT
  • 570S GT4
  • 675 LT Spider
  • 675 LT
  • 600LT
  • 600LT Spider
  • McLaren GT
  • Speedtail
  • F1 XP5
  • P1
  • P1 GTR
  • McLaren Senna
  • 720S GT3
  • MSO 720S Spider
  • 720S
  • MSO 688HS
  • 650S Spider
  • 650S Coupe
  • MSO 12C 50th anniversary Spider
  • 650S Can Am
  • 12C (Job #1)

McLaren се шири во Централна и Источна Европа: Отворен салон во Варшава

Конструкторот на McLaren F1 одликуван за Командант на Британската Империја

Гран-турерот на McLaren без маска и со датум за мај

Lego во моделска офанзива: McLaren Senna за „коцкари“

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda-e-tehnika-sema

Електричната Honda ќе биде вистинска забава по градските улици

fiat ducato 2020 electric

Fiat Ducato со 9-степен автоматик и во изведба на струја