за

Fiat Ducato со 9-степен автоматик и во изведба на струја

fiat ducato 2020 electric
fiat ducato 2020 electric

Ефектите од моделското освежување на Fiat Ducato нема да ги израдуваат само превозниците и занаетчиите, туку и камперите, затоа што овој транспортер најчесто се користи како основа за возило за кампување. Главните новитети се 9-степениот автоматски менувач и изведбата со погон на струја. Има и системи за асистенција и поврзување на интернет.

Летната сезона на претставување нови модели им припаѓа на транспортерите. Fiat Ducato доживеа темелно освежување, со главен нагласок на понудата од мотори. Четирицилиндарскиот дизел од 2,3 литри претрпе неколку промени што му донесоа повисок вртежен момент. Дизелот ја исполнува нормата Euro 6d-Temp и се нуди во степени на моќност со 120, 140, 160 и 180 КС. Со исклучок на најслабата изведба, кај сите останати се нуди деветстепен автоматски менувач како опција.

Просечната потрошувачка сега се движи меѓу 7,5 и осум литри според фабрика. Изведбата со погон на метан и 136 КС останува во понудата. Наесен пристига електрична верзија со досег до 270 километри.

Системи за асистенција и поврзување на интернет како кај патничките автомобили

Во Fiat Ducato отсега се нудат систем за следење лента, камера за знаци, самостојно запирање при опасност од судир, автоматско долго светло, контрола на мртвите агли и предупредување при возило што наидува попречно, додека се излегува во рикверц. Стандардно се вградува и „еко-пакетот“, кој меѓу другото содржи систем старт-стоп.

Дисплејот на допир има пречник од седум инчи, има и УСБ, како и прием на дигитално радио. При користење на навигацијата, системот ги зема предвид димензиите и извеедбата на Ducato, за да спречи возилото да се води по улици што не одговараат за него. Паметен телефон може лесно да се поврзе преку Apple CarPlay или Android Auto.

Renault во посилен сојуз со Nissan и Mitsubishi по откажувањето на Fiat

Колку продава Fiat Chrysler во Америка?

Fiat 500X стана половина милионер

Mitsubishi со најмалку проблеми кај германските возачи, Fiat и Mini последни

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mclaren sobir voking

Кога ќе се соберат 23 автомобили McLaren, тоа вреди 50 милиони фунти

mercedes cla prodazba maj

Mercedes CLA со одличен почеток: Плус 8,5% во продажбата