Mercedes во мај испорачал повеќе од 195.000 возила ширум светот. Тоа што ни дава посебна „локална“ тежина во мајската статистика е одличната продажба на CLA, купе-лимузината на македонскиот дизајнер во Mercedes, Славче Таневски. Растот во продажбата на CLA од 8,5 проценти, придонесе семејството компактни модели да постигне историски рекорд, со 58.000 возила во еден месец.
Mercedes во минатиот месец постигнал 195.690 испораки на нови возила на светскиот пазар. Тоа е за 1,3 проценти помалку во споредба со мај лани и се должи главно на слабеењето на кинескиот пазар, што ги погодува сите марки. Во Штутгарт сепак се повеќе од задоволни со постигнатото, особено со продолжениот раст на моделите во семејството на A-Class. Германците се посебно горди на првиот месец од продажбата на CLA, еден од низата модели дизајнирани од Славче Таневски. Купе-лимузината постигнала раст од 8,5% во споредба со истиот месец лани.
https://photos.app.goo.gl/EC4wR3TyTJnh5uaL6
Mercedes во мај бил најпродавана премиум марка во Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Белгија, Португалија, Данска, Чешка, Финска, Јужна Кореја, Јапонија и Австралија. Вкупниот биланс на марката покажува минус 4,7%, со 938.499 продадени возила од почетокот на годинава. Тоа се должи на генерациските смени на повеќе СУВ-модели, вклучувајќи го и GLE.
Одличниот фидбек, особено од нашите помлади клиенти, за пазарниот старт на новото CLA Coupe во Европа, за новата A-Class и за нашиот мултимедиски систем MBUX, посебно нé радува.
Брита Зегер, директорка на продажба на Mercedes
Во минатиот месец се продале околу 58.000 примероци (+10,0%) од A и B-Class, од CLA, CLA Shooting Brake и од GLA. По точно една година од стартот, A-Class постигнала повеќе од 195.000 продажби на светскиот пазар. Само во мај, растот изнесува повеќе од 40 проценти. Лимузинската и комби изведбата од актуелната E-Class во меѓувреме надминаа еден милион продажби.
https://photos.app.goo.gl/oNJAfFqDQKZ2fToc8
Продажба на Mercedes-Benz Cars во мај
|
|
Мај 2019 |
Тренд во % |
До мај 2019 |
Тренд во % |
|
Mercedes-Benz |
195.690 |
-1,3 |
938.499 |
-4,7 |
|
smart |
11.466 |
-1,2 |
50.087 |
-4,5 |
|
Mercedes-Benz Cars |
207.156 |
-1,3 |
988.586 |
-4,7 |
Продажба по региони / пазари |
||||
|
Европа |
81.762 |
+0,9 |
377.703 |
-4,1 |
|
– Германија |
27.806 |
+5,9 |
123.318 |
-2,0 |
|
Азија / Пацифик |
77.694 |
-2,2 |
396.815 |
-2,9 |
|
– Кина |
55.589 |
-0,9 |
287.639 |
+1,6 |
|
НАФТА |
31.933 |
-2,1 |
143.601 |
-9,8 |
|
– САД |
27.080 |
+0,4 |
121.200 |
-8,6 |
Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA
Mercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС
Куса историја од Mercedes M-Class до GLE: Веќе достапен за тест-возење во Мак Аутостар
















