за

Кога ќе се вкуси Lexus: Рецепти од луксузната марка на Toyota

Оригинално Lexus. Готвач со избрани рецепти од јадењата што биле послужувани на настани на луксузната марка ширум светот е достапен за преземање.

Кога ќе се вкуси Lexus, Рецепти од луксузната марка на Toyota

Вториот том од дигиталниот готвач „Кулинарски перспективи“ е дел од програмата со која што Lexus е присутен на друштвените мрежи, со теми што се посветени на најразлични подрачја од секојдневното живеење. Овој готвач од избрани кулинарски шефови би чинел многу скапо во продажба, Lexus го нуди тоа бесплатно.

Нови десет избрани рецепти од врвни кулинарски шефови од целиот свет се објавени во продолжението на серијата специјални изданија на Lexus. Рецептите се дел од вториот том на дигиталниот готвач на Lexus, под насловот „Culinary Perspectives“. Шефовите што Lexus ги ангажира за своите настани ширум светот, ги откриваат рецептите за јадењата што биле послужени.

Авторот и уредник Џошуа Дејвид Стајн е носител на номинација за наградата Џејмс Берд, чијшто дела се објавени во Best American Food Writing, и поранешен ресторански критичар за Village Voice и New York Observer. Тој бил и главен уредник на магазинот Blackbook, како и постар уредник во магазините Departures, Eater и Black Ink.

Culinary Perspectives овозможува Lexus да се поврзе со нашата публика преку тема што е од нејзин длабок личен интерес. Се надеваме дека нашата публика ќе ја цени оваа можност, да истражува во сопствената кулинарска умешност“, изјави Брајан Болејн, генерален директор на Lexus International.

Рецептите:

(преземање од Google Drive, оригинални PDF-документи од Lexus International)

Tuna Tartare by Chef Ricardo Sanz of “Kabuki,” Madrid.

Heirloom Tomato Salad by Chef Nickolas Martinez of Intersect by Lexus, New York.

Warm Lobster Taco with Yellow Salsa by Chef Dean Fearing at the Ritz-Carlton, Dallas.

Cured Squid with Chicken and Caviar by Chef Sergio & Javier Torres of “Cocina Hermano Torres,” Barcelona.

Chawanmushi with Truffle Oil by Chef Leonardo Jun Sakamoto of “Sakamoto” in Sao Paolo.

Spicy Miso Salmon with Broccoli Rice by Chef Reuben Riffel of “Reuben’s” in Johannesburg.

Chilled Dandan Udon Noodles by Chef Matsuo Nagasaka of “Azabu Choukou,” Tokyo.

Young Goose with Sauerkraut by Chef Zdenek Pohlreich of “NextDoor by Imperial,” “Divinis Praha” and “Café Imperial” in Prague.

Halo Halo My Way by Chef Mark Singson of “Boneta” and “AnnaLena” in Vancouver and “Vue de monde” and “Saint Crispin” in Melbourne.

Chocolate Tart by Chef Emily Roux of “Caractere” in Notting Hill.

Lexus RX450h

>>> Топ 10 Најприродни ситуации за Lexus RX 450h … и 10 други

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

daimler деловно работење концерн q3

За концернот Daimler веќе не постои корона-криза во работењето

Tesla Model 3 од фабриката во Пекинг ќе се продава во Европа