Daimler ја надмина кризата побрзо од очекувањата и веќе во септември ја врати динамиката што ја имаше пред пандемијата. Строга дисциплина околу трошењата, мерки за задржување на ликвидноста и други мерки за ефикасност придонесоа приливот на свежи пари да биде далеку над очекувањата за третиот квартал.
Големиот прилив на свежи пари во индустриското работење е резултат од обемните мерки за намалување на трошоците во концернот. На тоа се надоврза и силен оперативен резултат во сите деловни подрачја. Daimler ја доби и очекуваната дивиденда во висина од 1,2 милијарда евра од заедничката инвестиција BBAC во Кина.
„Резултатите за третиот квартал сведочат дека сме постигнале многу и докажуваат дека сме на вистинскиот пат со намалвуањето на прагот на добивка. Во исто време, со одличните производи од Mercedes-Benz Cars & Vans, како и од Daimler Trucks & Buses, ги искористивме шансите што произлегоа од заздравувањето на пазарите“, изјави Харалд Вилхелм, претседател на Daimler AG за финансии и контрола.
Daimler ги објави следните резултати кои сведочат за вистински подвиг на компанијата во услови на корона-криза:
- Free Cash Flow во индустрискиот бизнис: 5.139 мио. € (Очекувано: 2.973 мио. €)
- Free Cash Flow во индустрискиот бизнис, пречистено: 5.345 мио. € (-)
- Нето ликвидност во индустрискиот бизнис : 13,1 млрд. € (Q2 2020: 9,5 млрд. €)
- EBIT Daimler-концерн: 3.071 мио. € (1.950 мио. €)
- EBIT пречистено: 3.480 мио. € (2.498 мио. €)
- EBIT Mercedes-Benz Cars & Vans: 2.118 мио. € (1.320 мио. €)
- EBIT пречистено: 2.417 мио. € (1.782 мио. €)
- Return on Sales (RoS) пречистено: 9,4% (6,5%)
- EBIT Daimler Trucks & Buses: 541 мио. € (350 мио. €)
- EBIT пречистено: 603 мио. € (400 мио. €)
- Return on Sales (RoS) пречистено: 6,5% (4,3%)
- EBIT Daimler Mobility: 590 мио. € (381 мио. €)
- EBIT пречистено: 602 мио. € (406 мио. €)
- Повраток од сопствен капитал (RoE): 16,5%
За тековните програми за ефикасно работење ќе бидат наменети 407 милиони евра, вклучувајќи 68 милиони евра за приспособување и ново планирање на капацитетите во глобалната производствена мрежа, поврзано со планираната продажба на фабриката на Smart во Хамбах.
















