Како влијаат лековите врз способноста за возење

Како влијаат лековите врз способноста за возење
Како влијаат лековите врз способноста за возење

Голем број лекови, вклучувајќи ги тие без рецепт, имаат пропратни ефекти, кои можат да ја намалат способноста за возење. Во повеќето случаи се препорачува да се почека со возењето и да се провери дали се појавуваат пропратни ефекти, како вртоглавица, замор или задоцнета реакција.

Возачите треба да бидат внимателни при користење средства за спиење и смирување, антидепресиви, средства за смирување бол или средства против кашлање што содржат кодеин. Сите овие препарати можат да предизвикаат замор и замаеност.

Средствата против висок притисок, во почетокот и при предозирање можат значително да го намалат притисокот, поради што предизвикуваат вртоглавица и занесеност. Антидијабетиците и инсулинот го смалуваат нивото на шеќер, што води кон намалување на концентрацијата и брзината на реакција.

При користење средства против алергија, како и некои средства против настинка, може да се почувствува замор. Покрај тоа, постојат неколку лекарства што прават очите да станат пречувствителни на светлина, додека комбинираниот преперат псеудоефедрин, што ги стеснува крвните садови, создава желба за влегување во ризик.

Возачките и возачите мораат сами да проценат дали се способни да возат

Меѓутоа, постојат и лекарства, кои сами по себе не би требало да предизвикаат проблем, но пак можат да влијаат врз способноста, доколку се земаат заедно со други лекарства или како комбинирани средства. Останува до возачката одговорност, човек сам да процени дали е способен да вози – не е оправдување ако не се прочита упатството за лекот или ако лошо се разберат предупредувањата од лекарот.

>>> Топ 10 совети за правилно користење на клима-уредот

Претходна објаваПрв Lexus на струја и 10 години гаранција (и милион километри)
Следна објаваКанадски полицајци во шок, 19-годишник фатен со 308 km/h

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here