Парична казна во износ колку автомобил и забрана за управување моторно возило за млад Канаѓанец што возел трипати побрзо од дозволеното на автопат во близина на Торонто.
Канадската полиција остана шокирана од „подвигот“ на 19-годишник што бил фатен со 308 километри на час по автопат во сојузната држава Онтарио. „Ова е најголемото брзинско пречекорување за коешто имам слушнато“, коментираше полицискиот службеник Кери Шмит во видеото објавено на твитер. На патот југозапоадно од Торонто се дозволени само 100 километри на час.
Возач на 19-годишна возраст во саботата возел толку брзо, во придружба на својот другар на совозачкото место, што полицијата веднаш му ја одзела возачката дозвола. Автомобилот е запленет за времетраење од една недела. Многумина реагираат на објавата на твитер, коментирајќи дека одземањето на дозволата за само една недела е преблага казна.
„Сигурен сум дека ќе му биде тешко да објасни, зошто на овој светски ден на мајката, автомобилот на неговиот татко повеќе не е во гаражата“, коментира Шмит за изречената казна. Брзиот возач ќе добие и парична казна во висина од околу 10.000 евра.
308 km/h on #QEW #Burlington. 191MPH 280ft/sec 85m/sec
19 year old driver charged with #StreetRacing and Criminal Dangerous Driving. #7DayLicenceSuspension #7DayVehicleImpound pic.twitter.com/VyrSHx7QQm— OPP Highway Safety Division (@OPP_HSD) May 10, 2020
















