за

Макпетрол со реакција за измените во густината на горивата

Макпетрол
Макпетрол

Макпетрол цени дека промените во правилникот за густините на горивата предизвикуваат губитоци во работењето. Мерките со кои треба да одговори најголемиот дистрибутер на горива во државата, би предизвикале нарушување на стабилноста на пазарот.

Донесените измени и дополнувања од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, особено измените кои се однесуваат на густините на нафтените деривати и горива за транспорт, предизвикуваат сериозни штети врз работењето наведуваат во денешното соопштение од „Макпетрол“ АД Скопје.

Со примена на новите густини за нафтените деривати и горива за транспорт, признаените набавни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од страна на РКЕ се пониски од реално набавните цени за трговците, што предизвикува значителни загуби во работењето.

Нејасно од кои причини и врз основа на кои податоци и извори, РКЕ, од донесувањето на споменатиот Правилник во мај 2019 година, досега трипати ги менува густините на нафтените деривати и горивата за транспорт. На членовите на РКЕ многупати им биле презентирани релевантни документи, меѓу кои и Правилникот за квалитет на течните горива, за тоа кои густини на нафтените деривати и горива за транспорт вообичаено се користат во комерцијални цели за утврдување и за претворање на цени од килограм за литар нафтен дериват, како и примери за така утврдените густини во државите од регионот – прикажани во продолжение.

Регионални вредности за густини на моторните горива

Густина (кг/л)
Хрватска (пред либерализација)
Црна Гора
(актуелна)
Словенија
(регулирани вон автопатите)

ДИЗЕЛ

0,845

0,850

0,845

БЕНЗИН

0,755

0,772

0,755

Доколку членовите на РКЕ, од кои ниту еден член нема претходно искуство, ниту какво било познавање на пазарот со нафтени деривати и горива за транспорт, не го сменат својот личен став во однос на густините и не пристапат кон измена на предметниот Правилник со цел да предвидат густини за нафтените деривати и горива за транспорт коишто се применуваат во државава и во регионот, „Макпетрол“ АД Скопје ќе биде приморан да преземе сериозни мерки, кои, за жал, ќе резултираат со нарушување на стабилноста на нафтениот пазар во нашата држава.

Компанијата повторно го искажува ставот дека пазарот со нафтени деривати и горива за транспорт во Македонија треба да се либерализира, со што ќе се следи примерот на државите од Европа и од светот, како и на државите од регионот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Канадски полицајци во шок, 19-годишник фатен со 308 km/h

Канадски полицајци во шок, 19-годишник фатен со 308 km/h

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер