за

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер
Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер

Киа Моторс Македонија излегува во пресрет на зачестените барања на возачите за замена на филтерот за кабина, како предострошност во овие посебни времиња. Покрај попуст за филтерот за кабина, бесплатно следи озонирање и полнење течност за миење стакла од Shell.

Примерна грижа кон возачките и возачите на автомобили од марката Kia, согласно зголемената претпазливост на луѓето во вонредните услови во кои живееме трет месец. Киа Моторс Македонија ја дополни пролетната кампања со бесплатно озонирање на внатрешноста на автомобилот, со посебна апаратура за таа намена. Како што посочува увозникот, со оваа постапка на озонирање се врши 100-процентно отстранување на сите видови габи, бактерии, вируси и патогени организми. Постапката на дезинфенција преку озон трае 2,5 часови.

Kампањата вклучува и гратис два литри течност за миење стакла од Shell, компанија со којашто Kia соработува веќе подолго време во овој дел од пазарниот настап на марката.

Дали е сеедно што се долева, прочитајте ја нашата објава >>> Средството за стакло не е толку неважно: Тест на 10 производи

Овие гратис-понуди следат при замената на филтерот за кабината, за когошто се нуди попуст во висина од 15 проценти. На тој начин, возачките и возачите на Kia ќе бидат сигурни дека до кабината допира чист воздух, додека филтерот делотворно ги задржува штетните и опасни материи да не допрат до кабината.

Заштитните мерки се истите што Киа Моторс Македонија ги презема при секое сервисирање на возило, според актуелната ситуација. При прием на возилото во сервис, се поставува заштита на менувачот, седиштето, управувачот и на подот. Претходно е потребно да се закаже време за сервисирање на возилото, заради избегнување на метежот, на што сите внимаваме во овие времиња.

https://www.instagram.com/p/CAC_Ka2KSbF/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Макпетрол

Макпетрол со реакција за измените во густината на горивата

ford puma миење автомобил надвор

Како правилно се чисти автомобилот: Преку пример со Ford Puma