за

Како правилно се чисти автомобилот: Преку пример со Ford Puma

ford puma миење автомобил надвор
ford puma миење автомобил надвор

Ford Puma деновиве во полна форма ќе го живееше статусот на нова ѕвезда во моделската програма на марката со синото лого. Но, ситуацијата уште се води како вонредна, а новиот модел мора да допре до јавноста. Има решение и за тоа: Како правилно да се измие автомобилот – преку пример со Ford Puma.

Др. Џени Додман, шефица на лекарскиот тим на Ford во Велика Британија, објаснува зошто во овие времиња е поважно од кога било досега, автомобилот да биде чист: „Околу нас постојано се наоѓаат микроорганизми и тоа е сосем нормално. Само мал дел од нив може да биде штетен по нашето здравје. Таков е случајот со корона-вирусот. Затоа е важна хигиената.“

Вообичаените средства за чистење од домот се делотворни против корона-вирусот. Во автомобилот треба посебно да се внимава на подрачјата што често се допираат. Тоа се воланот, рачките на вратите, менувачот, дисплејот, потпирачите за рака и рачките за местење на седиштето. Безбедносните ремени исто така не треба да се забораваат, затоа што тие прилегнуваат врз телото и постои можност вирусот да се пренесе врз нив преку кашлање и кивање.

Други совети:

За чистење и дезинфекција на кабината, не користете производи што содржат средство за белење или водороден пероксид. Покрај тоа, треба да се избегнуваат средства врз основа на амонијак, затоа што тој може да нагриза некои од специјалните површински слоеви во кабината.

Миење на возилото треба да се практикува секогаш по неговото користење од друг возач. Исто така се препорачува во автомобилот да се остави средство за дезинфекција.

ВНАТРЕ

New item by Automedia MK / Google Photos
  1. Рачки на врати
  2. Прекинувачи за прозорци / за ретровизори
  3. Фиока
  4. Волан, сирена и рачка за местење
  5. Отвори за воздух
  6. Арматурна табла
  7. Копче за старт
  8. Инструменти
  9. Команди за клима
  10. Рачка на менувач

Не ги заборавајте и…

  • Задна полица
  • Под на багажник
  • Прекинувачи за сончев покрив
  • Безбедносен ремен и копча
  • Висинско местење на седиште
  • Клуч на возилото
  • Паркирна сопирачка
  • Касета пред совозачкото
  • Упатство за ракување
  • Држач за чаша
  • Внатрешно осветлување
  • Потпирачи за глава
  • Џебови во седиштата

Ако во авто-салоните има дива мачка, тоа е Ford Puma

Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс
Ford Puma Ми-Да Гранд Моторс

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер

Свеж воздух во Kia: Бесплатно озонирање и попуст на филтер

Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее

Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее