Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее

Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее
Кина поставува полначи за струја за стопанството да заживее

Кина има мошне оригинално решение за заживување на стопанството, што забави поради корона-вирусот. Се вложува во проширување од мрежата од полначи за електрични возила.

До крајот на годинава, Кина ќе вложи еквивалент на близу 1,5 милијарда американски долари во поставување на 200.000 (двесте илјади!) полначи за електрични автомобили ширум земјата. Една десетина од нив, односно 20.000 полначи, ќе бидат достапни јавно. Тоа е дел од планот за стимулација на кинеската економија, којашто опадна значително поради корона-вирусот. Освен во полначи за возила, се вложува и во дистрибутивна мрежа за ултра-високонапонска струја, во меѓуградски превоз и во технологија 5G.

Последнава ставка, контроверзната технологија 5G, претставува клучен дел од стратегијата, затоа што полначите за струја ќе можат да собираат голема количина на податоци. Овие податоци понатаму ќе се користат за подобрување на мрежата. Станува збор за податоци околу навиките на корисниците, локацијата на возилата, наполнетоста и други податоци во врска со самата батерија.

Државната електродистрибуција ќе има клучна улога во проширувањето на мрежата од полначи. Таа ќе вложи 383 милиони долари во поставување на 78.000 полначи во 24 провинции и општини, вклучувајќи ги Пекинг, Тјанџин, Џангсу и други кинески метрополи. Во резиденцијалните подрачја ќе се постават 53.000 полначи, додека 18.000 ќе бидат наменети за јавно користење.

На овој начин ќе се зголеми прометот од продажбата на електрични и хибридни возила за повеќе од 20 милијарди јуани, а воедно ќе се поттикне и производството на техника и делови за полначи.

Патентираната технологија за безжично полнење што ја има развиено компанијата WiTricity ќе се користи како индустриски стандард во целата држава. Кинеските власти ценат дека безжичното полнење ќе биде аргумент повеќе за возачите да се решат за електрично возило.

>>> Супермаркетите во Британија поставиле над 1.000 полначи за електромобили

 

Претходна објаваКако правилно се чисти автомобилот: Преку пример со Ford Puma
Следна објаваХибридите бестселери меѓу алтернативците, дизелот само 30% удел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here