за

Супермаркетите во Британија поставиле над 1.000 полначи за електромобили

полначи за електромобили британија супермаркети
полначи за електромобили британија супермаркети

Бројот на полначи за електромобили во супермаркетите во Велика Британија е зголемен двојно во последните две години. Некои синџири од супермаркети располагаат со полнач на секоја шеста локација.

Од крајот на октомври 2017 до крајот на минатата година, супермаркетите во Велика Британија поставиле 542 нови полначи за електрични автомобили, со што вкупниот број достигна 1.115 полначи. Повеќе од шест проценти од јавно достапните станици со полначи во земјата се наоѓаат во кругот на супермаркетите. Трговските синџири го следат темпото со коешто се зголемува вкупниот број на нови станици за полнење електрични автомобили.

Вкупно 608 супермаркети во Обединетото Кралство им нудат можност за полнење на возилата на струја на своите клиенти

Претходните истражувања покажале дека купувачите минуваат во просек по 45 минути во големите продавници. Тоа е сосем доволно време, на возачите на електрични и плагин-хибридни автомобили да им се понуди можност за полнење на батеријата во возилата.

Синџирот Asda има најголем удел на супермаркети што располагаат со полначи за електромобили. Од вкупно 633 локации, полначи има на 122 локации, односно во просек, на секој шести супермаркет на Asda. Втори се супермаркетите Morrisons, со 89 полначи на 494 локации, трети се Waitrose со 49 од вкупно 349 супермаркети на коишто се нуди можност за полнење струја.

Најмал удел на супермаркети со полначи има Tesco, со станици за полнење на 142 од вкупно 3.961 локации. Во одредени случаи е невозможно да се постават полначи, на пример, во супермаркетите што се наоѓаат во градските јадра и не постои пристап со возило до нив.

Супермаркетите преку рекламирањето на својот бизнис и на достапните полначи, воедно придонесуваат и за напредокот во електромобилноста

Супермаркетите сé погласно ги рекламираат полначите со коишто располагаат на своите локации, привлекувајќи го на тој начин интересот на сопствениците и корисниците на електрични возила. Повеќето трговски синџири нудат бесплатно полнење или го поврзуваат тоа со одредена потрошена сума.

Во Кралството моментно се регистрирани повеќе од 100.000 чисто електрични и повеќе од 170.000 плагин-хибридни автомобили.

Во Македонија, регулативата не дозволува деловните субјекти да реализираат услуги коишто се поврзуваат со наплата на електрична енергија, покрај ЕВН.

Тест · Volkswagen Passat GTE: Примерниот играч што стана револуционер

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

споредбен тест киа рио опел корса рено клио ауби

Kia Rio победник на споредбен тест со Opel Corsa и Renault Clio

Audi станува главна марка во развојот на целиот концерн Volkswagen

Audi станува главна марка во развојот на целиот концерн Volkswagen