Пазарот беше погоден различно од последиците од корона-кризата. Додека целиот автомобилски пазар во Европа е во пад за околу една третина во првиот квартал од годинава, кај електричните и хибридните возила дури има значителен раст во продажбата. Јасен губитник е дизелот, таму трендот е удолу.
Во првиот квартал од годинава, продажбата на автомобили со дизел мотор во ЕУ се намалил за 32,6 проценти, со вкупно 738.392 примероци. Уделот на дизелот во вкупната продажба на возила сега изнесува 29,9 проценти (наспроти 33,2% во првиот квартал лани). Дизелот е во пад на сите пазари во Унијата, особено на четирите најголеми пазари за автомобили: Италија (-49.8%), Франција (-36.6%), Шпанија (-33.8%) и Германија (-23.0%).
Истовремено се намали и продажбата на бензинци, како резултат од затворањето на салоните во повеќето земји во ЕУ, како и мерките за ограничено движење. Нивната продажба има пад од 33,2 проценти, од близу два милиони автомобили во првото тромесечје лани, на 1,3 милиони возила годинава. Со исклучок на Кипад и Литванија, сите пазари во ЕУ се соочуваат со двоцифрено намалување на продажбата.
Сосем различна приказна кај хибридите и електричните
Сосем е различна ситуацијата кај возилата со електричен погон. Тие постигнале двојно зголемување на продажбата (+100.7%), со вкупно 167.132 возила во ЕУ. Во двете категории на електричен погон има раст. Кај возилата со погон само на струја има раст од 68,4%, додека кај плагин-хибридите има зголемување од дури 161,7 проценти.
Чисто хибридните возила и натаму се бестселери во овој пазарен сегмент. Нивниот удел изнесува 9,4 проценти од вкупниот пазар во ЕУ во првиот квартал. Вкупно биле регистрирани 232.525 возила или за +45.1% повеќе во споредба со лани.
Четирите најголеми пазари во Унијата забележиле зголемување во регистрациите на возила со алтернативен погон до март. Германија и Франција се издвојуваат, со раст во овој сегмент од 74,9% односно 71,7% проценти соодветно, кој се должи главно на зголемената продажба на плагин-хибридните возила.
Топ 5 пазари за хибридни возила
(во ЕУ, ЕФТА и Велика Британија; Прв квартал 2020)
| 2020 | % | |
| В. Британија | 68,211 | 67.4 |
| Германија | 63,121 | 55.2 |
| Италија | 34,717 | 27.2 |
| Франција | 30,114 | 31.0 |
| Шпанија | 29,417 | 31.2 |
| ЕУ + ЕФТА + ВБ | 310,308 | 49.0 |
| ЕУ | 232,525 | 45.1 |
Топ 5 пазари за електрични возила
(само погон на батерија; Во ЕУ, ЕФТА и Велика Британија; Прв квартал 2020)
| 2020 | % | |
| Германија | 26,030 | 63.3 |
| Франција | 25,960 | 145.6 |
| Велика Британија | 18,256 | 204.4 |
| Норвешка | 16,347 | -12.4 |
| Холандија | 8,699 | 0.8 |
| ЕУ + ЕФТА + ВБ | 130,297 | 58.2 |
| ЕУ | 91,756 | 68.4 |
Топ 5 пазари за плагин-хибридни возила
(во ЕУ, ЕФТА и Велика Британија; Прв квартал 2020)
| 2020 | % | |
| Германија | 26,419 | 257.9 |
| Велика Британија | 13,662 | 59.2 |
| Шведска | 12,835 | 123.4 |
| Франција | 9,423 | 139.5 |
| Норвешка | 6,221 | 31.0 |
| ЕУ + ЕФТА + ВБ | 97,913 | 126.5 |
| ЕУ | 75,376 | 161.7 |

















