Lamborghini Urus: Неизвесност поради кризата на Средниот Исток

Брзата марка ќерка на Audi веќе е при крај со развојот на суперспортскиот теренец Urus. Но, политичката криза може да ја стави иднината на моделот под знак на прашање.

На италијанската суперспортска марка може да не ѝ се посреќат плановите со ексклузивниот теренец Urus. Блискиот Исток е еден од најважните пазари на коишто цели Lamborghini со идниот Urus, но нестабилоста во регионот влијае негативно врз продажбата на скапи теренци и може да има подолготрајни последици.

Италијанската марка неодамна доби зелено светло за развој на Urus. Брзиот теренец би требало да чини околу 300.000 евра. Urus ќе ја користи платформата MLB, заедно со Audi Q7 и идниот луксузен теренец на Bentley. Нивното појавување на пазарот во следната година е сосема извесно, за разлика од теренецот на Lamborghini. Под хаубата на Urus ќе работи мотор V8 со битурбо натполнење, а планирана е и верзија со хибриден погон.

Претходна објаваOpel Mokka се продава подобро и од знаменосецот Insignia
Следна објаваСрбија ќе извезува автомобили во Русија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here