за

Србија ќе извезува автомобили во Русија

1. FIAT 500L/500L LIVING, продадени примероци 51,516 (-9.0%)

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека постои можност да се спогоди одредена квота на возила произведени во фабриката на Fiat во Крагујевац да се извезе за Русија.

Посетата на рускиот претседател Путин на Белград веќе покажува резултати и во автомобилскиот сектор. Според изјавата на српскиот премиер Вучиќ, можно е наскоро да се договори од фабриката на Fiat во Крагујевац да се извезе одредена количина возила за рускиот пазар. Единствен проблем се високите царински давачки за извозот од Србија во Русија, поради тоа што договорот за слободна трговија меѓу обете земји не ги опфаќа и автомобилите. Пред извесно време Србија побара автомобилите да се вклучат во договорот за слободна трговија со цел возилата на Fiat произведени во Крагујевац да бидат поконкурентни на рускиот пазар, но барањето беше одбиено.

За време на денешната посета на рускиот претседател Владимир Путин во Белград, српскиот премиер Вучиќ изјави: „Добри вести за српскиот народ. Ќе добиеме можност за извоз на одредена квота на автомобили Fiat.“ Фабриката на местото на некогашната „Црвена Застава“ започна со производство на компактниот ван Fiat 500L во јули 2012 година. Главни извозни пазари се Европската Унија и САД.

Вучиќ не прецизираше за колкава извозна квота се зборувало и дали автомобилите ќе бидат вклучени во договорот за слободна трговија. „Имајќи ги во предвид нашите добри односи со Италија можеме да се спогодиме за извозна квота за Русија,“ додаде Путин при средбата со Вучиќ. Извозот може да биде голем поттик за српската економија, којашто во најголемиот дел се базира на извозот на Fiat. Лентите во Крагујевац мируваа неколку денови во минатиот месец поради намалената побарувачка на автомобили на европскиот пазар. Фабриката во којашто некогаш се произведуваше Yugo е заедничка инвестиција вредна една милијарда евра, со 67% учество на италијанскиот производител на автомобили и 33% учество на српската држава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lamborghini Urus: Неизвесност поради кризата на Средниот Исток

Opel во офанзивен настап на македонскиот пазар на автомобили