Компактниот кросовер на Opel е на пат да стане најпродаван модел на марката. Од јануари до септември се продадоа 107.000 примероци. Само два модела се продавале подобро.
По две години од премиерата, компактниот кросовер Mokka прераснува во еден од најважните продажни успеси на Opel. Од јануари до септември се продадени 107.000 примероци од моделот. Со тоа, Mokka се искачи на третото место на најпродавани модели на производителот од Риселсхајм, потиснувајќи го знаменосецот Insignia на четвртото место, со 78.000 примероци.
„Ние сме особено задоволни со нашиот бестселер во класата на кросоверите. Тој е гаранција за успех и претставува важен дел од нашата голема моделска офанзива“, изјави првиот човек за продажба во Opel, Петер Кристијан Кисперт. Само Astra со 176.000 примероци и Corsa со 209.000 примероци постигнале поголема продажба во деветте месеци од годинава.
















