за

Lamborghini Urus ќе се произведува во Словачка

Спортскиот теренец на Lamborghini што е најавен да стартува со продажба во 2017 година, ќе излегува од фабриката во Братислава, заедно со Audi Q7, VW Touareg и Porsche Cayenne.

Volkswagen се подготвува за големо проширување на производствените капацитети во фабриката во Словачка, по инсталирањето на најголемата метална преса во рамките на концернот. Во Братислава се произведуваат големите теренски возила што се базираат на платформата MLB, односно Audi Q7, Porsche Cayenne и Volkswagen Touareg. Од 2017 година на теренската тројка ќе се придружи и долгоочекуваниот теренец на Lamborghini, а брзо по него ќе следува и екстралуксузниот модел на Bentley, обата на платформа MLB.

Засега се откриени малку детали околу првиот сериски теренец на Lamborghini. Познато е само дека моторот ќе развива најмалку 600 КС и дека ќе се користи лесна конструкција за каросеријата, исто како кај останатите модели на марката со бикот. Италијанската марка нагласува дека Urus ќе има најниска емисија на СО2 во класата, што укажува на заклучок дека во гамата на моделот ќе се нуди и верзија со хибриден погон. Подвозјето ќе користи пневматска суспензија, со можност за автоматско или мануелно менување на висината од подлогата. Обемната примена на лесни материјали во конструкцијата на возилото ќе биде нагласена со компоненти од карбон во кокпитот и во кабината. Годишната продукција на Urus би изнесувала околу 3.000 примероци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda со историски рекорд во минатата деловна година

Daimler ќе ја освојува Кина со електричниот автомобил Denza