за

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили

батерија за електромобили, vw e-golf

Батериите со цврст електролит имаат многубројни предности наспроти литиум-јон батериите. Кинеска фирма веќе започна со малосериско производство на батерии со цврст електролит

Батериите со цврст електролит се полнат побрзо од литиум-јон батериите, поседуваат повисока енергетска густина и имаат пониска опасност за пожар. Тоа се главните својства поради кои се очекува дека овие батерии ќе им го дадат следниот силен поттик на електричните автомобили.

Компанијата Qing Tao Energy во источнокинеската провинција Јуангсу веќе започнала со производство на батерии со цврст електролит во мала серија. Како што објавува кинеската новинска агенција Ксинхуа, во производството на новиот бид батерии се вложени околу 126 милиони евра.

Гигафабриката за батерии на Tesla

Според првите достапни информации, енергетската густина на батериите со цврст електролит на Кинезите надминува 400 ватчасови по килограм. За споредба, оваа вредност кај литиум-јон батериите достигнува најмногу 250 ватчасови по килограм. Компанијата Qing Tao Energy е дел од Универзитетот Цингуа во Пекинг. 

Тоа значи дека речиси се преполовува големината што е потребна за да се постигне одреден капацитет, но значи и дека со иста големина се постигнува речиси двојно поголем капацитет. На тоа се надоврзуваат и побрзото полнење и уште неколку карактеристики со кои батериите со цврст електролит се супериорни во споредба со постоечките литиум-јон батерии.

Сегашниот капацитет е доволен за само 2.000 батерии за електромобили

Се очекува вградувањето на батериите со цврст електролит во сериски автомобили да се случи веќе во 2020 година. Производителот дотогаш ќе работи на зголемување на продуктивноста. Моментно погоните располагаат со капацитет од 0,1 гигаватчасови за една година. Тоа е доволно за околу 2.000 електрични автомобили.

Капацитетот ќе се зголемува на 0,7 гигаватчасови до 2020 година. Tesla во својата гигафабрика моментно произведува околу 20 гигаватчасови годишно, со план капацитетот во видно време да се зголеми на 35 гигаватчасови.

Бил Гејтс вложува 100 милиони евра во фабрики за батерии во Европа

Mercedes гради фабрика за батерии во САД

Стадионот на Ајакс се напојува од стари батерии од Nissan Leaf

Може ли молња да ги наполни батериите на Audi e-tron?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ќерката на дизајнерот на бубата бара надомест од Volkswagen

Ford Focus Active premiera

Ако Ford Kuga е многу, Focus Active е точно по мера