за

Бил Гејтс вложува 100 милиони евра во фабрики за батерии во Европа

Бил Гејтс фабрики батерии Европа

Европската Комисија и фондот „Breakthrough Energy“, со кого раководи Бил Гејтс, основачот на Microsoft, во средата на 17-ти октомври ги поставија темелите на „Breakthrough Energy Europe“ или кусо BEE. Станува збор за инвестициски фонд вреден 100 милиони евра, којшто е наменет за европските претпријатија да развиваат технологии за чиста енергија и истите да ги понудат на пазарот.

Марош Шефчович, заменик претседател на комисијата и одговорен за енергетската унија, цени дека соработката ќе води кон „забрзување на револуционерните иновации во Европа“. Бил Гејтс, на тоа објаснува дека „потребни ни се нови технологии за да ги спречиме најлошите последици од климатските промени.“

Батериите се важни за автомобилската индустрија во 21-от век, исто како што моторите со внатрешно согорување беа важни во 20-от век

Само еден ден претходно, Европската Унија дозволи државни субвенции за изградба на фабрики за производство на батерии во Европа. Целта е Европа да ја потврди својата водечка позиција во автомобилското производство и во подрачјето на чистите енергетски системи. За тоа да се постигне, неопходни се независни капацитети за развој и производство на батерии.

Моментно околу 80 проценти од постоечките и планираните фабрики за производство на батерии се наоѓаат во Азија. Само Кина учествува со 69 проценти, додека САД има удел од 15 проценти и ЕУ помалку од четири проценти

Како што соопштува Комисијата на ЕУ, државите членки ќе добијат субвенции за етаблирање на оваа индустриска гранка. Може да се финансираат до 100% од проектите за истражување, доколку истите носат придобивки за повеќе држави. Останатите истражувачки проекти ќе бидат субвенционирани до 70%. Покрај тоа, Унијата преку Европската Банка за Инвестиции ќе кофинансира фабрики за батерии вредни милијарди евра.

Nissan Leaf 4R Energy reciklirani baterii 1

Истражувачкиот фонд Horizon 2020, којшто е специјализиран за проекти за батерии, располага со повеќе од 200 милиони евра, а според „Financial Times“ ќе следат уште 800 милиони евра, за изградба на демо-постројки.

Комисијата преку овие иницијативи се бори против климатските промени и се залага за примена на Париската Конвенција. Пазарите на капитал и инвеститорите добиваат сигнал, дека е неизбежно светот да се префрли на модерна економија, којашто оди во прилог на животната средина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda Kodiaq GT

Skoda Kodiaq GT во чест на најголемиот пазар во светот

Seat Tarraco Volfsburg

Seat Tarraco излегува од иста фабрика со Touran и Tiguan