за

Четири награди за Kia во изборот за Руски Автомобил на Годината

Четири победи за Kia на најпрестижниот избор за автомобил на годината во Русија. Повеќе од 1,5 милион гласови пристигнаа од публиката, кои повеќе месеци гласаа за над 300 модели што се нудат на рускиот пазар. Тоа прави успехот на Kia да биде уште поубедлив.

Четири награди за Kia во изборот за Руски Автомобил на Годината

Автомобил на годината во Русија е најпрестижен избор во рускиот автомобилски календар. Од основањето во 2000 година, Изборот ие одржува секоја година, со учество на сите автомобили што се понудени на рускиот пазар. Годинава нивниот број надмина 300 различни модели. Во изборот решаваат гласовите на рускиот народ во онлајн-гласање. Годинава пристигнаа повеќе од еден и половина милион гласови, собирани во период од неколку месеци.

Нов рекорд за компанијата постави најмалечкиот модел, Picanto, кој ја доби честа во категоријата за најдобар градски автомобил петта година по ред. Kia Ceed го повтори успехот откако лани трумфираше како најдобар нов модел, за годинава да победи во категоријата на компактни автомобили. Kia Seltos го понесе златото во категоријата на кокпактни СУВ-модели, додека првиот гран-туризмо во историјата на марката, Singer, именуван е за најдобар гран-турер.

„Популарноста на марката Kia расте во Русија веќе долги години и особено сме горди што освоивме четири награди во изборот за автомобил на годината во Русија“, изјави Хо-сунг Сонг, претседател и извршен директор на корпорацијата Kia Motors. „Во светски рамки, Русија е меѓу нашите најважни пазари. Работевме напорно да станеме број еден увозна марка, со удел од 13% на пазарот во Русија, со цел да продолжиме со растот во следните години. Овие четири награди се особено значајни, не само за Kia Motors Russia, туку и глобално за Kia Motors.”

За победата коментираше и Александар Мигал, директор на Kia Motors Russia и на канцеларијата за ЗНД: „Нашата цел е да понудиме автомобили што ги надминуваат потребите на руските клиенти, а нашиот успех во изборот за автомобил на годината во Русија – според гласовите од возачите – е највисокото признание за автомобилите Kia. Секој модел е единствен, но поседува и заеднички својства – тоа се модерни, висококвалитетни, добро опремени и визуелно привлечни возила. Благодарност до сите што гласаа за Kia.

Kia Picanto ја задржа позицијата на фаворит во класата, благодарение на својот впечатлив дизајн, просторниот ентериер, интересниот карактер и богатата сериска опременост. Ова е втора генерација на Picanto што победува во категоријата на градските автомобили.

Победникот во категоријата на компактни автомобили, Kia Ceed, се вбројува меѓу технички најнапредните автомобили во својот сегмент. Семејството на Ceed нуди најразновидна понуда во компакт класата во Русија. Покрај стандардната комбилимузина со пет врати, гамата ги вклучува Ceed Sportswagon, спортското комби ProCeed и кросоверот XCeed.

Kia Seltos за само шест месеци стана еден од најпродаваните модели на Kia во Русија. Само во август годинава, за моделот се решија 1.783 клиенти. Оттаму беше сосем очекувана победата во категоријата за најдобар компактен СУВ.

>>> Kia во август продала близу 60.000 возила во САД

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Swace

Suzuki Swace е вториот модел од соработката со Toyota

Mercedes EQC Фабриката на Mercedes во Бремен го произведе 9-милионитото возило

Фабриката на Mercedes во Бремен го произведе 9-милионитото возило