Славеничкиот EQC е еден од десетте модели што се произведуваат во Бремен. Таму е центарот на глобалната мрежа за производство на C-Class, најпродаван модел на Mercedes во минативе десетина години.
Фабриката на Mercedes во Бремен има традиција подолга од 40 години. Производството стартуваше во февруари 1978 година, со една од најголемите легенди на марката со сребрената ѕвезда, со W 123 во комби-изведбата што традиционално се води како T-Modell. Оттогаш фабриката има поминато 25 воведувања на нови модели во производство.
Лани на производствените ленти стартуваше EQC, модел што користи погон само на струја. Овој СУВ од средната класа се произведува на иста лента со лимузинската и комби изведбата на C-Class, со GLC и co неговата изведба GLC Coupe. Оваа исклучителна флексибилност на фабриката е резултат од раното воведување на најнапредните технолошки решенија, што денес се водат општо како Индустрија 4.0.
Со повеќе од 12.500 вработени, фабриката на Mercedes во Бремен е најголем приватен работодавач во регионот
Најновиот модел што почна да се произведува во Бремен е најдоабнр пример за високата флексибилност на фабриката. Во јули таму започна производството на освеженото моделско годиште на E-Class. Конкретно во фабриката се изработуваат купе и кабриолет изведбите од Mercedes E-Class. Достигнувањето се состои во тоа што овие модели се произведуваат на иста лента со купето и кабриолетот од C-Class.
Вкупно десет модели се произведуваат моментно во Бремен: Лимузината, комбито, купето и кабриолетот од C-Class, купето и кабриолетот од E-Class, теренците GLC и GLC Coupe, но и родстерот SL и електричниот EQC. Во 2019 година во фабриката се произведоа над 360.000 возила.
















