Холандија стравува од бран евтини дизели од Германија

евтини дизели германија

Поради тоа што германските возачи добија големи привилегии и попусти за замена на своите стари дизели со нови и почисти автомобили, Холандија очекува голем дел од овие возила да пристигнат во земјата

Претставници на холандските автомобилски здруженија изјавија за каналот RTL дека очекуваат во земјата да пристигне голем број од старите германски дизели, со дампинг цена и со слаб квалитет на издувни гасови. Сопствениците на стари дизел автомобили во Германија добиваат по околу 6.000 евра во просек при замена со нов и почист автомобил. Познавачите ценат дека до 1,2 милион Германци ќе ги искористат овие поволности.

Во Холандија лани биле увезени 34.000 евтини дизели од Германија – ниту Македонија не заостанува многу во тој поглед

По традиција, голем дел од возилата од Германија завршуваат на холандските плацеви за користени автомобили. Лани во земјата биле увезени околу 34.000 германски дизели. Тоа е сосем логична последица, затоа што користените дизели од увоз се до 40 проценти поевтини од локалните користени возила со дизел мотор.

Претставниците од автомобилските здруженија предупредуваат дека ќе се случи драстично смалување на вредноста на старите германски дизели, доколку навистина се заменат повеќе од еден милион стари дизели. Овие возила на тој начин ќе станат уште поатрактивни за холандските возачи.

забрана дизел франкфурт, евтини дизели

Претседателот на здружението РАИ, Ван Ејк, изјави во вестите за RTL: „Нечистите дизели се закануваат да влезат на споредна врата. Тоа е катастрофа.“ Според претседателот, холандската влада треба да донесе мерки коишто ќе оневозможат евтините и нечисти дизели од Германија да ја преплават земјата.

Холандија ја препознава опасноста и бара владата да реагира – во Македонија се радуваме на евтините (и нечисти) дизели

Во Македонија подолго од една година се бележи зголемување во увозот на користени дизели од Германија, коишто со цената им парираат на новите автомобили чиишто издув ги исполнува најстрогите норми. За мерка за обновување на возниот парк и овозможување поширок круг луѓе да си обезбедат мобилност, повеќе не станува збор.

Според последните службени статистики, за јули, во Македонија се увезени 3.019 користени и 532 нови патнички автомобили. Во истиот месец лани, увозот изнесувал 2.140 користени и 472 нови автомобили. Во земјата и натаму отсуствува институција којашто ќе ја одредува политиката околу продажбата, увозот и експлоатацијата на возила, особено од аспект на заштитата на животната средина. Уште неполн месец останува до новата серија екстреми во аерозагадувањето во македонските градови.

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија

Дизелите чмајат на германските плацеви, ни претстои ли нова инвазија загадувачи?

Франкфурт е трет германски град со забрана за дизели

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии

Претходна објаваMercedes гради фабрика за батерии во САД
Следна објаваToyota повикува во сервис 2,43 милиони хибридни автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here