Toyota повикува во сервис 2,43 милиони хибридни автомобили

toyota prius iv 1

Сервисниот повик се однесува на хибридните модели Toyota Prius, Prius+ и Auris, коишто се произведени меѓу мај 2010 и ноември 2014 година.

Јапонскиот производител Toyota повикува глобално 2,43 милиони автомобили со хибриден погон во сервис, поради проблем со софтверот. Проблемот конкретно се однесува на моделите Prius, Prius+ и Auris, коишто се произведени меѓу мај 2010 и ноември 2014 година.Топ 10 Најпродавани модели со хибриден погон во Европа

Отстранувањето на проблемот трае 40 минути во сервисите на Toyota

Проблемите со хибридниот систем можат да предизвикаат „задушување“ на моторот. Поради тоа, возилата со хибриден погон се повикуваат во сервисните работилници, за вчитување нов софтвер. Отстранувањето на проблемот трае околу 40 минути. Не се регистрирани незгоди предизвикани поради софтверскиот проблем. Во Македонија уште нема официјално соопштение во врска со глобалниот сервисен повик.

toyota hybrid

Peugeot му дава шарм на хибридниот погон

Топ 10 Најпродавани модели со хибриден погон во Европа

Хибридниот BMW X5 вози 80 километри на струја

Претходна објаваХоландија стравува од бран евтини дизели од Германија
Следна објаваНа салонот во Париз се изложени 43 електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here