Со 356.434 возила, Ford Fiesta е најпродаван малечок автомобил во првите шест месеци од 2013. Голем дел од продажбата е постигнат на кинескиот пазар.
Во минатата година Ford Fiesta беше втор најпродаван модел во светот со 306.405 примероци, односно најпродаван модел во класата на малечките возила. Според досегашните резултати, моделот продолжува со успешната продажба и во оваа година. Меѓународно жири од автомобилски експертки ја прогласи Fiesta за женски автомобил на годината, во верзијата со еднолитарскиот мотор EcoBoost.
[one_half]Освен во матичната фабрика во Келн, Fiesta се произведува и во Нанџинг за кинескиот пазар, како и во Рајонг, Тајланд, за останатиот дел од Азија. Другите фабрики се во бразилските градови Самакари и Сао Пауло. Верзијата на Fiesta за северноамериканскиот пазар се произведува во Куаутитлан, во Мексико.[/one_half]
[one_half_last]