Ferrari нуди возење на своите историски модели во Фиорано

Ferrari нуди возење на своите историски модели во Фиорано
Ferrari нуди возење на своите историски модели во Фиорано

Ретко се добива можност да се вози Ferrari, а уште поретко историски модел на марката. Италијанците отсекогаш знаеле како да ја поттикнат еуфоријата. Во тек е првиот Ferrari Classiche Academy, настан во кој модели како 308 GTS или GTBi се возат на тркачка патека. Следниот настан е напролет, но сега е време да се резервира.

На сопствената тркачка патека во Фиорано, Ferrari моментно ја одржува „Возачката академија за класиците“ на марката. Точно е како што се претпоставува. Учесниците на овој курс моментно возат неколку модели на марката од 1970-те години, со цел да го доживеат искуството што го создаде култот околу италијанската марка и да ја научат посебната техника на возење Ferrari, во времето пред електрониката и вештачката интелигенција.

Секој курс трае два дена и почнува со запознавање со возните својства и перформансите на моделите, со менувачот, со совладувањето свијоци и други посебности на Ferrari од тие времиња.

https://photos.app.goo.gl/H63xwGjVkCv4NbgM8

На патека се возат Ferrari 308 GTS и GTBi, како и Mondial 3.2, при што секој автомобил има посебнa механичка надградба во споредба со „базниот“ модел

По возењето се учествува во тура низ Officine Classiche Ferrari, кадешто може да се погледнат оригиналните технички шеми, забелешки на инженерите и извештаи од трки, за сите модели на марката што се произведени од 1947 година до денес.

Завршниот дел од академијата на Ferrari е вистинскиот спектакл. Тука се вежбаат техники на управување без електронска контрола, вклучувајќи ја прочуената техника „прсти-пета“, двојно ракување со спојката, додавање меѓугас…

Со врвен инструктор на совозачкото седиште, се вози и на влажен пат, се учи одземање на воланот и на гасот при пролизгување во свијоци и воопшто се совладува мајсторската техника на управување.

https://photos.app.goo.gl/kdtB4metmEp9DNa66

Постојат повеќе таканаречени модули, со различна тежина. Голем интерес владее и за учење техника на возење на трки, што е мошне популарно меѓу љубителите на историските модели.

Следната тура на Ferrari Classiche Academy започнува напролет. Тоа значи дека е време за регистрирање за настанот.

Ferrari F8 Spider ја продолжува низата што влече уште од 308 GTS

Претходна објаваИАА во 2021 ќе биде саем на мобилност во Франкфурт, Берлин или Келн
Следна објаваSeat го прекина производството поради немирите во Барселона

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here