Seat го прекина производството поради немирите во Барселона

seat го прекина производството поради немирите во Барселона
seat го прекина производството поради немирите во Барселона

Поради уличните насилства што следеа по објавувањето на пресудите против каталонските сепаратисти, Seat мораше да го прекине производството. Недостигаат 3.500 автомобили во продукцијата.

Шпанската марка на Volkswagen во минатата недела мораше да го прекине производството во периодот од четвртокот напладне до петок навечер. Причина беа уличните насилства во Барселона. По објавувањето на пресудите против сепаратистите, неколку ноќи минаа во улични немири.

Во фабриката на Seat изостанаа пет работни смени, поради што 3.500 автомобили не се произведени. Централата во Марторел продолжи да работи, но членовите на управата можеа да побараат да работат од дома.

Во фабриката на Nissan во близина на Барселона немаше прекин на производството, бидејќи истата се наоѓа во подрачје коешто беше подалеку од уличните насилства. Синдикатите повикаа Каталонците да стапат во генерален штрајк.

Претходна објаваFerrari нуди возење на своите историски модели во Фиорано
Следна објаваПроблеми со дисплејот кај постари годишта на Tesla: Чиповите преоптоварени

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here