Тајна средба меѓу Илон Маск и шефот на Volkswagen

Тајна средба меѓу Илон Маск и шефот на Volkswagen

Првата посета на Илон Маск на градилиштето за новата фабрика во близина на Берлин предизвика големо внимание на медиумите. Непосредно пред да ја напушти земјата и со приватен лет да се врати во САД, шефот на Tesla прво слетал во Брауншвајг, на тајна средба со првиот човек на концернот Volkswagen, Херберт Дис.

Илон Маск одржал средба со Херберт Дис, шефот на концернот Volkswagen. Како што објави „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, Маск и Дис во петокот одржале тајна средба на аеродромот во Брауншвајг. Според објавата, шефот на Tesla слетал со приватен авион во Брауншвајг во 21.45 часот.

Дис и Маск имале двочасовен интензивен разговор околу електромобилноста и дигитализацијата. Потоа Дис му понудил на американскиот милијардер пробно возење на ID.3, на новиот електричен автомобил на Volkswagen, по аеродромската писта. Илон Маск го разгледал и електричниот СУВ-модел ID.4, чијашто продажба стартува в година. Volkswagen не потрдува дека била одржана средба меѓу двајцата топ-менаџери во браншата.

Ексцентричниот визионер во средата имал средба и со германскиот министер за економија Петер Алтмајер, како и со министерот за здравство Јенс Шпан. Тој одржал средба и со премиерот на германската сојузна покраина Бранденбург, Дитмар Војдке и со други владини претставници. Во четвртокот, Маск ја посети компанијата за био-технологија Curevac, со којашто една посестринска компанија на Tesla соработува во развојот на целосно автоматско производство на вакцини.

>>> Електричен рекордер: Volkswagen ID.3 без пауза од Цвикау до Швајцарија

VOLKSWAGEN id.3 рекорд швајцарија

Претходна објаваЗошто Suzuki Ignis не е само „малечок“ автомобил?
Следна објаваПо највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Баба Планина (Трет дел)

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here