за

Ситроен во Полска ја зголеми продажбата за 60%, главна заслужничка новата Ц3

Од јануари до април, во Полска се регистрирани 3.183 нови Ситроени, што е за 60 проценти повеќе отколку во истиот период во минатата година.

Новата генерација на Ц3 е главен двигател на растот во продажбата на Ситроен на полскиот пазар, деветти најолем пазар во Европа, пред Холандија и Шведска. Во април  во земјата биле продадени над двојно повеќе возила од марката во споредба со лани.

Француската марка годинава напредуваше на пазарот во Полска за шеесет проценти, а приближно толкав процент во продажбата отпаѓа на новиот Ситроен Ц3. Од вкупно продадени 3.183 возила под знакот на шевронот, 1.515 се од моделот Ц3.

Уште поубедливи се бројките во продажбата на самиот Ц3 од новата генерација, во споредба со неговата претходничка, што уживаше постојано висока побарувачка. Само во април, новиот Ц3 постигнал десетпати повисока продажба од лани.

Втор најпродаван модел е комбилимузинскиот Ц4 (709 примероци, +169%), по него е фастбекот Ц4 Икс (272 примероци, +224%). Според полскиот огранок на Ситроен, тоа што најмногу ги привлекува возачките и возачите кај овие модели се комфорот и безбедноста.

Дилерите на Ситроен во Полска во првите четири месеци продавале во просек по 12 примероци од Ц3 на ден

Освен во изведба со 1,2-литарски турбо бензинец со 100 КС, новиот Ц3 се нуди и во целосно електрична изведба е-Ц3, со моќност од 113 КС и досег до 324 километри. Главната моќ на убедување на моделот е во дизајнот што се води по пример на кросовер, во комфорните седишта, амортизацијата со технологија Ситроен Адвансед Комфорт, во новите мултимедиски и безбедносни системи.

Според полскиот вебсајт на марката, новиот Ц3 почнува од 71.250 злоти. Тоа што не е изненадување, сега веќе претходната генерација на моделот уште е во продажба, а тоа што е изненадување, таа чини повеќе од новакот, со 76.400 злоти. Сепак станува збор за специјална серија Ориџин, со богата опременост и посебни поединости, што е одговор за сé уште високата побарувачка за моделот.

Топ 10 автомобилски пазари во Европа во 2023 година

Земја

Возила

Германија 2,844,609
Обединето Кралство 1,903,054
Франција 1,774,723
Италија 1,565,331
Русија 1,049,917
Турција 967,341
Шпанија 949,359
Белгија 476,674
Полска 475,032
Холандија 372,156

Од неслужбени разговори, новиот Ц3 се очекува на македонскиот пазар кон завршетокот на летото или почетокот на есента. Сегашниот Ц3 уште е во продажба, со веројатно најдобриот сооднос меѓу цена и квалитет, односно со најдобра противвредност, во историјата на оваа генерација на моделот. Ц3 во веќе солидно опремената изведба Ју! чини 14.990 евра, со вклучен попуст од 2.000 евра. Дури и во врвното достапно ниво Макс, со алу-тркала, паркинг сензори, електрично собирање на ретровизорите, затемнети задни стакла и избор на покрив во црна или бела боја, тројката пак останува на 16.690 евра. Познавачите знаат кога да реагираат со купување нов автомобил.

Едно (не)секојдевно тестирање со Ситроен Ц3 · Колку време се патува од еден до друг крај на Скопје во викенд, колку во понеделник наутро

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јагуар најавува електричен гран-туризмо за САД, оди луксузно скалило погоре

Шефот на Стелантис предупредува дека царините за кинеските ЕВ се „замка“