Карлос Тавареш вели дека казнувањето на увозот на електрични возила од нивните кинески соперници во Европа и САД, нема да ги поштеди западните производители од потребата да го сменат својот бизнис и да постигнат поконкурентни цени.
Стелантис очекува голема битка со кинеските соперници на европскиот пазар на електрични возила, што би можела да остави големи последици по работните места и производството, кажа извршниот директор Карлос Тавареш во средата.
Извршниот директор на Стелантис укажува многу јасно на последиците, додека се заоструваат тензиите меѓу Пекинг, Брисел и Вашингтон, околу продажбата на електричните возила. Се очекува ЕУ наскоро да реши дали ќе ги следи САД и ќе воведе дополнителни казнени царини за кинеските производители на автомобилки.
Властите во САД кажаа дека планираат до 1-ви август да воведат царини до 100 проценти за ЕВ и за материјали за ЕВ што се произведени во Кина.
Тавареш кажа дека царините за увозот на кинеските возила во Европа и САД се „голема замка за земјите што ќе појдат по тој пат“ и тоа нема да ги поштеди западните производители од потребата да го сменат својот бизнис и да се соочат со предизвикот од кинеските производители што постигнуваат пониски трошоци.
Европската Комисија на 5-ти јуни ќе излезе со првичната одлука околу воведувањето царини за увозот на кинески ЕВ. Кина исто така се заканува дека ќе воведе повисоки царини.
„Кога се бориш против конкуренцијата за да надоместиш за предноста од 30 проценти што Кинезите ја имаат во трошоците, тоа ќе има социјални последици. Но, властите, властите во Европа, тие во моментов не сакаат да се соочат со таа реалност,“ кажа Тавареш.
Тавареш посочи дека царините само би ја потикнале инфлацијата во регионите во коишто ќе се воведат царини, со потенцијални последици врз продажбата и производството.
„Не зборуваме за времето на дарвинизмот, ние живееме во тоа време,“ изјави Тавареш на годишната автомобилска конференција на Ројтерс во Минхен, додавајќи дека борбата со цените со азиските соперници ќе биде „многу тешка“.
„Нема да им биде лесно на дилерите. Нема да им биле лесно на добавувачите. Нема да им биде лесно на производителите на компоненти за прво вградување. Како што ни е познато во Европа, сите зборуваат дека се потребни промени, сé додека некој друг треба да ги направи тие промени,“ кажа тој.
Италијанската влада врши притисок за Стелантис да се обврзе за да произведува 1 милиони возила во земјата, наспроти 750.000 возила лани. Тавареш не одговори директно на прашањето околу барањата на Италија, меѓутоа напомена дека европскиот автомобилски сектор се соочува со вишок од капацитети.
Кинеските прозиводители веќе се на пат да продаваат 1,5 милион возила во Европа, што претставува пазарен удел од 10 проценти и производство што можат да го постигнат 10 фабрики, кажа Тавареш.
„Доколку дозволиме уделот на кинеските производители да расте … очигледно е дека тоа ќе води кон вишок капацитети, освен ако не се борите против таа конкуренција,“ посочи директорот.
Стелантис во минатата недела објави дека ќе отпочне со продажба на ЕВ од својот кинески партнер Липмотор, почнувајќи во септември.
„Ние самите ќе се обидеме да станеме Кинези, што значи дека место да бидеме во чиста визави одбрана од кинеската офанзива, ние сакаме да бидеме дел од кинеската офанзива“, објаснува Тавареш.
















