за

Бугарија негодува за изборот на Volkswagen за фабрика во Турција

Бугарија Volkswagen
Бугарија Volkswagen

Големо разочарување во Бугарија по веста дека Volkswagen основаше посестринска компанија во Турција. Во земјата се искажуваат обвинувања за наводна нерамноправна конкуренција околу планираната нова фабрика на германскиот концерн.

Земјата членка на ЕУ и наш сосед, Бугарија, реагираше со разочарување и со критика, откако беше потврдено основањето на посестринската компанија на Volkswagen во Турција. Се претпоставува дека впишувањето на новата фирма во трговскиот регистар во Маниса е чекор што понатаму ќе води кон почеток на изградбата на фабрика на Volkswagen во земјата.

„Борбата со Турција беше исклучително нерамномерна“, коментира поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој е актуелен почесен претседател на националната асоцијација во автомобилската бранша. Турција „на ниту еден начин“ не се придржувала до правилата на заедничкиот пазар, се пожалил Плевнелиев во изјава за бугарското државно радио.

Volkswagen нема да гради фабрика во Бугарија, но затоа премиерот Борисов договорил друга автомобилска компанија да стартува во земјата

Бугарија се сложила да ги обезбеди сите барања што според регулативата на ЕУ му припаѓаат на Volkswagen, изјавил Плевнелиев на индустриски форум во Пловдив. Бугарија, којашто граничи со Турција, исто така беше во трка за локацијата на новата фабрика на Volkswagen.

Место Volkswagen, во следните две до три години во земјата ќе пристигне друг голем производител на автомобили. Тоа го најави заменик претседателот Томислав Дончев. При посетата на Јужна Кореја во септември, бугарскиот премиер Бојко Борисов договорил Hyundai да инвестира кај нашиот источен сосед.

Volkswagen Passat и Skoda Superb ќе пристигаат од Турција

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Piloti Ferrari 488 Pista

Џереми Кларксон го избра Ferrari 488 Pista за суперавтомобил на годината

milan automotive red

Измамникот што ветуваше австриски хиперавтомобил отиде зад решетки