за

Џереми Кларксон го избра Ferrari 488 Pista за суперавтомобил на годината

Piloti Ferrari 488 Pista

Актуелниот двосед со средишно вграден мотор V8 на Ferrari, 488 Pista, е „суперавтомобил на годината“ според Џереми Кларксон, во изборот на „News International“ за 2019 година.

Изборот на жирија составени од стотици експерти и гласачи од цел свет не е толку важен, колку што е важен изборот на еден човек. Но, тој не е кој било, туку е Џереми Кларксон, шоуменот на автомобилската сцена, кој може да им го врати автомобилот на производителите оти не му се допаѓа, за тие да му испратат друг, но и тоа залудно.

Џереми Кларксон го има единствениот глас да го избере најдобриот суперавтомобил на годината, лично и персонално. Изборот за годинава е: Ferrari 488 Pista.

Толку е возбудлива што остава брилијанти во правта“ (So thrilling it leaves brilliant in the dust)
Џереми Кларксон, по возењето на Ferrari 488 Pista

Фронтменот на оригиналниот „Топ Гир“ и на денешниот „Гранд Тур“, продолжува… „Pista е еден од највозбудливите, најубави и најисполнувачки автомобили произведени досега. Таа прави сите останати автомобили да изгледаат како да се изработени од мов и кал. Таа е супериорна.“ Има и продолжение: „Pista не е само добра. Или брилијантна. Таа е далеку над тоа.“

Ferrari 488 Pista располага со 3,9-литарски твин-турбо V8 со 710 КС и беше номиниран за најдобар мотор во светот во изборот за 2019 година. Осумцилиндарецот од Маранело четврти пат ја освојува наградата. Техничарите се раководеле од тркачките болиди 488 Challenge и 488 GTE.

https://www.instagram.com/p/BzdEY0eB3LK/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen passat emden fabrika

Volkswagen Passat и Skoda Superb ќе пристигаат од Турција

Бугарија Volkswagen

Бугарија негодува за изборот на Volkswagen за фабрика во Турција