за

Volkswagen Passat и Skoda Superb ќе пристигаат од Турција

volkswagen passat emden fabrika
volkswagen passat emden fabrika

Volkswagen основаше нова посестринска компанија во Турција. Во новата фабрика во близина на Измир ќе се произведуваат модели од повеќе марки, вклучувајќи ги VW Passat и Skoda Superb.

Ближи почетокот на изградбата на новата фабрика на Volkswagen во Турција. Во провинцијата Маниса во западниот дел на земјата, Volkswagen основаше посестринска компанија. Фирмата ќе биде впишана во тамошниот трговски регистар, со почетен капитал од 164 милиони американски долари. Вработен во Регистарот потврди дека е примено барањето за внесување на новата компанија.

Од Volkswagen уште пред неколку недели потврдија дека се водат завршните преговори пред потпишувањето на договорот за изградба на фабриката во близина на Измир. Таму се планира производство на новиот Passat, кој моментно доаѓа од фабриката во Емден, како и на Skoda Superb, којашто има иста техничка основа. Уште не е утврден конечен датум за потпишување на договорот.

Шефот на производството на патнички автомобили на Volkswagen, Андреас Тостман, во минатиот четврток посочи дека остануваат најмногу две недели до формалното решение. Инвестицијата може да достигне милијарди долари. Претходно се спомнуваше можноста Бугарија да биде избрана како локација за новата фабрика.

Турската фабрика е неопходна, затоа што Volkswagen целосно ги ангажира капацитетите во германските фабрики во производството на електрични возила. Цвикау веќе е целосно трансформирана за електромобилноста, следни се погоните во Емден и Хановер. Поради тоа, на концернот му се неопходни нови капациети за Passat и за Superb.

Група европски парламентарци претходно побара од Комисијата на ЕУ да провери дали планираната изградба на нова фабрика за повеќе марки на концернот Volkswagen во Турција е во согласност со прописите на Унијата. Од Комисијата потврдија дека е добиено писмото од европските парламентарци и дека ќе следи одговор во наведениот рок.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW X5 M, BMW X6 M, Competition

Буква М за 600 КС: BMW X5 и X6 во „тркачка“ изведба

Piloti Ferrari 488 Pista

Џереми Кларксон го избра Ferrari 488 Pista за суперавтомобил на годината