На BMW X5 и на неговата купе изведба X6 не може да им се префли дека немаат доволно коњски сили. Но, некогаш и доволно е недоволно. Во изведбите со дополнителна буква М во ознаката, X5 и X6 возат со 600 КС и спринтуваат како суперспортско купе.
Големите теренци на BMW наскоро ќе возат повторно во екстремните изведби под знакот на М GmbH. Заедно со уште малку подналутените изведби Competition, BMW X5 и X6 М ќе имаат светска премиера во следниот месец, на салонот во Лос Анџелес. Испораката ќе стартува во април следната година. Баварците не ги објавуваат цените на овие модели пред премиерата.
За да бидат достојни за „М“, големите теренци добиваат нов мотор: Станува збор за 4,4-литарски V8 со 600 КС, во основната изведба. „Основна“ затоа што во изведбата Competition следи уште малку екстра, односно моќност од 625 КС, заедно со уште неколку преправки во насока на зголемувањето на динамиката.
https://photos.app.goo.gl/15YgmFywZ8sdLYeX6
Машините со 750 њутнметри ги спринтуваат тешките теренци за 3,8 секунди до темпо сто, во најдобриот случај. BMW наведува дека потрошувачката на гориво според новата норма WLTP изнесува 12,5 литри на сто километри, додека за емисијата на CO2 се наведуваат 284 g/km.
https://photos.app.goo.gl/j6U7jxhUUqUpEWdw8
Заедно со моторот се извршени и преправки во погонот на сите тркала. Во основа, погонската спрега е изведена така што во „М“ се става повеќе нагласок на задната оска. Целото подвозје има претрпено во дел темелни промени, вклучувајќи го водењето на тркалата, управувањето, а особено сопирачките.
Вообичаено, има и неколку дотерувања во изгледот, кои укажуваат на посебноста на овие моделски изведби во понудата на BMW, како и ниво на опрема под знакот на спортот и ексклузивноста, вклучувајќи спортски седишта.
https://photos.app.goo.gl/n62HB6D3MEGpHZQ17
https://www.youtube.com/watch?v=DH7AU52RTAc
https://www.instagram.com/p/B3G8UGfng6-/
















