за

MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси

MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси
MAN и Scania в година стартуваат со првите електрични автобуси

MAN и Scania во 2020 година ќе ги понудат првите градски автобуси со погон на струја од сериско производство.

Посестринската компанија за товарни возила на концернот Volkswagen, неодамна формираната Traton, во 2020 година ќе стартува со продажба на првите градски автобуси со електричен погон од сериско производство, од марките MAN и Scania. Од компанијата очекуваат во следните десет до 15 години, секој трет камион или автобус од двете марки да користи алтернативен погон – повеќето од нив со погон на струја. За тоа да успее, неопходно е да се развива и инфрастуктурата, додаваат од Traton.

Групацијата развива заедничка погонска спрега на струја, којашто во 2020 година ќе започне да се вградува во електричните градски автобуси. До 2025 година ќе се вложат по една милијарда евра во развој и истражување на подрачјето на електромобилноста и во дигитализацијата. Scania ја има улогата на иноватор во примената на транспортни решенија што не ѝ наштетуваат на животната средина.

Целта на Traton со своите марки MAN и Scania е да прерасне во водечки производител на електрични камиони и автобуси

Пазарниот интерес за комерцијалните возила со погон на струја моментно е слаб поради недоволно изградената мрежа од полначи, како и високата продажна цена. Во поглед на трошоците, камионите за дистрибуција и градските автобуси можат во среден рок да им конкурираат на возилата со дизел мотор.

Од компанијата очекуваат субвенциски план за купување возила на струја и европски мастер план за мрежа од полначи. Концернот Ambev во Бразил нарача 1.600 електрични камиони од Volkswagen. MAN во меѓувреме продаде 150 електрични комбиња.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki S-Presso

Suzuki им нуди S-Presso на индиските возачи

BMW X5 M, BMW X6 M, Competition

Буква М за 600 КС: BMW X5 и X6 во „тркачка“ изведба