Измамникот што ветуваше австриски хиперавтомобил отиде зад решетки

milan automotive red
milan automotive red

Младиот бизнисмен што ги касираше парите од инвеститорите, но нивниот влог не го претвори во првиот хиперавтомобил од австриска продукција, доби затворска казна.

Австриски бизнисмен на возраст од 37 години ветуваше автомобил на суперлативи. Поточно, хиперлативи. Тој имаше мисија да ја впише алпската земја во престижниот список на земји што производуваат хиперавтомобили. Меѓутоа, автомобилот од производителот Milan Automotive остана само празно ветување. Сопственикот на компанијата доби четиригодишна затворска казна, осуден за тешка измама.

Во минатото лето, непознатата компанија испрати соопштение до медиумите, во коешто се најавуваше автомобил со „1.325 КС во комбинација со тежина на возилото од 1.300 килограми и спринт од место до сто за само 2,47 секунди.“ Крајната брзина на автомобилот што никогаш не го виде светлото на денот (освен како макета) требаше да надминува 400 километри на час.

Намерата можеби и не беше толку лоша, но запна реализацијата. Проектот пропадна бидејќи инвеститорите не покажаа интерес. Меѓу измамените жртви имало и неколку личности од австриската јавна сцена, од кои 37-годишниот несуден индустријалец извлекол близу еден милион евра.

Извршниот директор и сопственик на Milan Automotive GmbH, Маркус Д. Фукс

https://www.instagram.com/p/Bl5gwoWhVbe/

https://www.instagram.com/p/BsDeZ9JDc68/

https://www.instagram.com/p/BqhtVojAq7S/

Претходна објаваБугарија негодува за изборот на Volkswagen за фабрика во Турција
Следна објаваMitsubishi го дооткрива новитетот за Токио: Нема покрив

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here