за

BMW ќе развива електричен погон заедно со Jaguar Land Rover

bmw upravna zgrada cetiri cilindri
bmw upravna zgrada cetiri cilindri

Производителот на i3 и производителот на I-Pace ќе соработуваат во развојот и усовршувањето на електричниот погон. BMW и Jaguar Land Rover како основа ќе го користат електропогонот од петтата генерација, со кого што в година ќе стартува изведбата на BMW X3 со погон на батерија.

BMW и Jaguar Land Rover стапуваат во соработка, со цел за заедничко користење на искуствата и ресурсите на подрачјето на автопилотираното возење, конективноста, електричниот погон и новите услуги за мобилност.

Основата на германско-британската соработка сепак се сведува на развој и усовршување на следната генерација на електричен погон. Групацијата BMW (вклучувајќи ги Mini и Rolls-Royce) располага со солидни искуства во развојот и производството на електрични возила. BMW i3 е на пазарот веќе од 2013 година. Наспроти тоа, Јaguar Land Rover располага со сопствена компетентност, за што сведочат повеќекратно наградуваниот Jaguar I-Pace и неколкуте плагин-хибридни модели во понудата.

Предноста на технологијата на BMW е во тоа што електромоторот, преносот и „погонската“ електроника се во едно куќиште. Покрај тоа, за електромоторот не се користат ретки метали. В година, Баварците почнуваат со вградување на петтата генерација на електричен погон, наречена едноставно Gen 5. Таа ќе има премиера во BMW iX3.

bmw ix3, bmw i4, bmw inext arjeplog test

Во Gen 5 ќе се воведат неколку усовршувања преземени од техниката на Jaguar Land Rover. Соработката меѓу другото овозможува и скалест ефект во набавката на компоненти и репроматеријали, односно примена на основното трговско правило: При набавка на поголеми количини, цените паѓаат.

Заеднички тим од експерти ќе работи на Gen 5 во Минхен. Производството и натаму ќе се одвива засебно, на постоечките локации. Соработката меѓу двата независни концерни нема да влијае врз идентитетот на одделните марки.

Нова серија 1 на BMW: Со сета сила напред

Од BMW Garmish нема трага половина век, BMW го изработи од ново

Тест: Jaguar E-Pace D180 AWD Base

Jaguar I-Pace е автомобил на 2019 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG CLA 35 Shooting Brake

Mercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС

Fiat го откажа предлогот за спојување со Renault