за

Fiat го откажа предлогот за спојување со Renault

Тоа е автомобилот на кого се повикува Fiat со новиот 124 Spider. Легендата на маркта се претвори во Mazda

Управниот одбор на Fiat Chrysler на синоќешниот состанок под водство на Џон Елкан реши да го повлече предлогот за спојување со групацијата Renault.

Ништо од големиот спој меѓу француската групација Renault и итало-американскиот концерн Fiat Chrysler, кој можеше од корен да го смени соодносот на силите на светскиот автомобилски пазар. Ретко кој го очекуваше ваквиот исход. Напротив, целата сцена претпоставуваше дека на синоќешниот состанок на челниците на Fiat Chrysler во Лондон ќе се донесе решение за конечно отпочнување на преговорите за спојување на двете компании.

Во соопштението од FCA се посочува дека нивниот предлог бил сосем прифатлив и понудил многубројни придобивки од спојувањето на двете компании, коешто имаше огромен потенцијал да прерасне во нов светски Број 1. Renault исто така им се заблагодари на партнерите Nissan и Mitsubishi, кои покажаа интерес да пристапат во новиот заеднички концерн.

Fiat Chrysler се жали на актуелните политички услови во Франција, кои не дозволувале успешна реализација на спојувањето со Renault

Како што се наведува во соопштението од рано утринава, тоа што им пречело на Италијанците се актуелните политички услови во Франција, кои не им дозволувале успешна реализација на спојувањето меѓу Renault и Fiat Chrysler. Неофицијално, на францускиот производител му пречел големиот притисок од FCA за што побрзо отпочнување на соработката. Поради тоа, Renault неколкупати ги одложи конечните преговори.

Претходно, позитивно одговори и француската влада, којашто учествува со 15 проценти во акциите на Renault. Итало-американскиот концерн предложи двете групи, Renault и FCA, да учествуваат рамноправно во новата компанија. Спојувањето требаше на концерните да им овозможи заштеда во висина до пет милијарди евра на годишно ниво. Двете групации заедно би произведувале 8,7 милиони возила годишно.

Nissan реагираше за финансиската нетранспарентност во работата на заедничката компанија со Renault во Холандија, но Јапонците сепак покажаа подготвеност да пристапат во новиот концерн

Компликации се појавија и во поглед на заедничката сестринска компанија на Renault со јапонскиот партнер Nissan, којашто има седиште во Холандија. Се потврдија забелешките на Nissan за недоволната финансиска транспарентност на холандската компанија, како и контролата на трошоците.

Акциите на Fiat утрово забележаа пад од близу четири проценти, додека акциите на Renault изгубија дури седум проценти од вредноста.

Колку продава Fiat Chrysler во Америка?

Спојување на Renault и Fiat веќе во следната недела

Што ќе донесе мега-спојот меѓу Fiat и Renault?

Fiat и Renault преговараат за соработка

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw upravna zgrada cetiri cilindri

BMW ќе развива електричен погон заедно со Jaguar Land Rover

BMW M8 competition

Таму каде што има серија 8 на BMW мора да има и M8